На прво место

Европска комисија: Македонска Влада и македонски јазик

eu

euДвете употреби на придавката „македонски” во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес се мошне јасно и прецизно употребени во обемниот материјал за државата, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Откако комесарот за проширување Штефан Филе потврди дека во извештајот на 70-страници за Македонија на двапати е употребена придавката што се однесува на нашиот јазик и нација, двете придавки лесно се забележливи.

Првиот пат тоа се употребува на почетокот на извештајот, на седмата страница  во делот кој се однесува на владеењето на правото во државните институции, поточно кај Владата. Притоа, ЕК го почнува тој дел со: “Македонската Влада ги продлабочи своите обврски кон ЕУ-реформите со целосното посветување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД)…”.

Придавката за која претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни рбаоти Никола Попоски се заканија дека нема да го прифатат извештајот ако ја нема, вториот пат се употребува во делот за остварувањето на економски и социјални права во Македонија. Па, така, на 16-тата страница од извештајот, ЕК посочува дека: „Македонските институции превзеле проактивна улога во обезбедувањето на правата на децата”.

Интересно е тоа што Комисијата во овој извештај избегнува секаво споменување на јазик и нација, најверојатно да се избегне потребата при споменување на овие одредници да се испушти или додаде и придавката „македонски”. Затоа, ЕК пронашла решение придавката да ја вметне во термини како што е „Македонска Влада” и „Македонски институции”, со цел да се избегне директно посочување кој е народот и каков е јазикот кој се говори во Република Македонија, а притоа да се задоволат барањата на македонскиот народ и највисоките политички личности кај нас со вметнување на бараната придавка.

Како што е познато, во претходните два годишни извештаи на Комисијата за Македонија, придавката „македонски” целосно беше исфрлена од употреба дури и при користење на за нас сензитивни примери како што е идентификацијата на мнозинскиот народ и официјалниот јазик што се говори во Македонија.

– Да, се вративме на употребата и на придавката “македонски – потврди и комесарот Филе за МИА, обидувајќи се тоа да го минимализира со потенцирањето на значењето на другите позитивни тонови од ЕУ кон Македонија.

Како и да е, со најпозитивниот извештај во однос на реформите што нашата држава ги презема во усогласувањето на макеоднските со европските закони и легислатива, употребата, макар и минимална, на придавката „македонски” исто така дава значење за огромната поддршка што од ЕК ја има актуелната владејачка гарнитура и нејзината политика кај нас.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top