На прво место

Реакција на „10 дена Крушевска република“ на изјавата на Ѓунер Исмаил за уривање на спомениците

a_1

a_1Советот на научно-културните средби „10 дена Крушевска република” реагира на изјавата на Ѓунер Исмаил, член на Советот за култура на СДСМ, дека ќе ги урива спомениците од  националната историја.

– Никола Карев ниту е непријател, ниту случајна личност. Тој е стожерот на Крушевската република која е чедо на македонското револуционерно дело и борбата за слобода. Никола Карев, чиј споменик се најде на листата на оние кои треба да се рушат, во себе го носи најсветлиот идеал на македонскиот народ за самостојност, за слобода – цели кои пред стотина години ги обединиле сите народности кои живееле на овие простори. Зарем да дозволиме нивното дело да биде минирано и заборавено! Крушевската република го носи споменот на сите кои се бореле, и нивното дело е поголемо од оние кои посегнуваат по него, пишува во реакцијата на „10 дена Крушевска република“.

Во дописот до медиумите Советот нагласува дека еден народ е голем онолку колку што си ја почитува својата историја и дека разјадувањето на таа генеза значи поткопување на темелите на кои е изградена и денешната држава.

– Секој споменик одделно и сите градби никнати последниве години заедно, ја јакнат националната гордост правејќи мост помеѓу сегашната генерација и генерации минати, помеѓу стремежот денес и македонската гордост и непокор низ вековите, стои во реакцијата на манифестацијата „10 дена Крушевска република“.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top