На прво место

„Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа во 2012

103219648-001

103219648-001Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е најдобар во Европа во категоријата до два милиони патници годишно за 2012 година. Наградата, во конкуренција на 275 аеродроми, ја додели Меѓународниот аеродромски совет, врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот на аеродромските услуги.

Главниот оперативен директор на концесионерот на македонските аеродорми, холдингот „ТАВ аеродроми“, Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од престижната награда за скопскиот аеродром кој, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се засновало на нивното знаење и искуство.

По резултатите што ги постигнале во изминатата година и половина колку што управуваат со аеродромите, следна цел за оваа година, според Орнекол, е бројот на патници преку скопскиот аеродром да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродромот во Скопје се превезени 906.871 патник. Од 2009 година до 2012 година бројот на патници што се превезени преку аеродромот во Скопје  е зголемен за 17,5 проценти. Моментно преку „Александар Велики“ се сообраќа кон 20 дестинации, а од мај ќе се отвори и линија со Стокхолм.  Со тие  дестинации, оцени Орнекол, Скопје  е поврзано со поголемиот дел од Европа, а преку Истанбул и до секое друго место во светот.

Најфреквентен датум на аеродромот лани според бројот на летови е 23 декември кога се реализирани 46, а според бројот на патници 4 август, со 4.746 патници. Најмногу патници во 2012 година превезле  авиокомпаниите Виз Ер, Туркиш Ерлајнс и Аустријан Ерлајнс, а најатрактивни дестинации биле Цирих, Истанбул, Виена, Белград и Загреб.

103204628

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, признанието за квалитет на аеродормските услуги е  уште еден од резултатите  од проектот за изградба и модернизација на македонските аеродроми со нивното преземање од ТАВ.

– Со изградбата на новиот аеродром се воведоа нови стандарди во аеродромските услуги во Македонија, што е признаено и со добиената награда, оцени Јанакиески. Најави дека  и во следниот период ќе продолжат активностите што во соработка со концесионерот ги преземаат за привлекување нови  авиокомпании и зголемување на бројот на летови од аердоромите со цел да се надмине бројката од милион патници. Целта е, како што рече, тој број постојано да се зголемува со оглед дека капацитетот на аеродромот е  до 4 милиони патници. – Лани имавме пораст од 8,7 проценти, а во февруари годинава во однос на истиот месец лани пораст од 14 проценти, што е над европскиот просек. Среќни сме што патниците се повеќе го избираат аеродромот „Александар Велики“ за полетување, слетување или трансфер до саканите дестинации, но и дека се повеќе се користи и аеродромот во Охрид, рече Јанакиески.

Министерката Јанкулоска оцени дека  по изградбата и модернизацијата „Александар Велики“ денес е репрезентавен објект со кој сите може да се гордеат. Професионално заедно со  колегите од МВР максимално се труделе на сите  патници да им овозможат што поефикасна услуга и што поедноставни процедури.  – Верувам, посочи, дека на тоа се  должат барем дел од резултатите што ги постигнавме на некои од прашањата  во анкетата, а кои директно се однесуваат на работењето на полицијата. Аеродромот доби високи  оценки во делот што се однесува на времето на чекање на пасошка  контрола, односно контролата на проверка на личните докумнети и во делот на љубезноста и услужливоста  на нашиот персонал и во делот на чувството на сигурност и безбедност, посочи Јанкулоска.

Таа информира дека во текот на  минатата година на граничните контроли за влез и излез на земјава поминале околу 840.000 патници од кои 200.000 странски државјани. Од отворањето на аеродормот во септември 2011 година односно за  година и половина преку него влегоа и излегоа 1.220.000 патници што доволно говори за  зголемената фреквенција. Радува тоа што има голем број  странци, кои заради квалитетот на услугите се почесто го користат нашиот аеродром, рече Јанкулоска.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top