На прво место

ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНУВАЊА ВО АВСТРАЛИЈА

Gordana_Dimovska_-_Kopie

Gordana_Dimovska_-_KopieГордана Димовска

Македонските празници со голема радост се прославуваат и меѓу иселениците на петтиот континент.

Верата е таа која го одржува духот на македонскиот човек каде и да е. Со огласувањето на црквените ѕвона точно во 12 на полноќ се најави и радосната вест за Христовото воскреснување. Велат дека црковното ѕвоно е Божјиот глас а верниците масовно се собираат да го чујат и присуствуваат на празничната богослужба. И нашата вера е создавана, темелена  врз радоста од христовото воскреснување. Христовото воскреснување  е светлина и патоказ за животот на човекот низ вековите. Воскресението е радост за измачените, утеха за болните , поука за малодушните, сила и цврст темел за благоверните. На овој ден како што е познато, Исус ја победи смртта затоа што имаше живот во себе. Од тој момент, сите ние ја примаме таа вистина и се исполнуваме со особена храброст и духовна крепост, зашто смртта не е повеќе закана, ниту причина за страв.

VELIGDEN_058

Најмладите се радуваат кога ги кршат црвените велигденски јајца а од своите родители, баби и дедовци слушаат за тоа како се прославувал овој ден и во Македонија. За празникот се посветува тема и во училиштата каде се изучува македонскиот јазик и од таму децата не само што го учат јазикот туку се запознаваат со неговото значење и традиција. Велигден во светот е познат како голем празник исполнет со разновидни обичаи, игри, активности како што се тркалање на јајца во Англија, правење на јагне од путер во Полска и Русија, криење на јајцата во Нов Зеланд, изложување на јајцата и украсување на фонтани со цвеќиња во Женева. Во Чешка и Словачка практикуваат “камшикување и тепање“, да ги означат Исусовите страдања а за жените велат дека треба да “се камшикуваат“ со цел да го задржат нивното здравје и убавина во текот на годината. Во Германија ги декорираат гранките од дрвјата со украсени велигденски јајца.

Испраќаме честитки до Редакцијата на Македонска нација, како и сите  Македонци во родната Македонија и иселени во светот. Нека ни е честит и вековит и овој наш голем христијански празник.

Христос воскресе, Навистина воскресе!

VELIGDEN_061

VELIGDEN_063

VELIGDEN_066

VELIGDEN_071_copy

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top