На прво место

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во Стокхолм

Во рамките на прославата на 20 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Р. Македонија и К. Шведска, во прекрасниот амбиент на Eric Ericsonhallen во Стокхолм на 8.05.2013 година, беше изведен заеднички концерт од страна на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Lilla Akademien од Шведска, на којшто преку  звуците на заеднички компонираното дело „Пријателство“ и изведбата на песната „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ на македонски јазик, учениците успеаа да го доловат значењето на пријателството без граници пред шведската публика.

Во своето обраќање, амбасадорот Кире Илиоски изрази посебно задоволство од одличната соработка со неговиот колега, Шведскиот амбасадор во Р. Македонија, преку преземање на иницијативи и имплементација на заеднички проекти, пред се` во делот на музиката и уметноста.

„Ова е проект каков што посакува секое училиште, а секој директор на училиште би сонувал да им го овозможи на своите ученици“, изјави директорот на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Јован Бицевски.

„Се` започна со поканата на заеднички ручек на иницијатива на шведскиот амбасадор во Македонија, Ларс Валунд. На тој ручек амбасадорот ни вети средба со елитното училиште во Стокхолм Lilla Akademien. Средбата беше оставерена уште истата година кога 30-ина ученици од училиштето дојдоа во Македонија и настапија на заедничкиот завршен концерт на ДМБУЦ. Идејата продолжи да се развива со залагањето на Г-дин Валунд за аплицирање во фонд во Шведска, кој фонд беше обезбеден и проектот продолжи понатаму. Се остварија средбите во Македонија и во Шведска на четирите носители на овој проект: Никлас Бреман, наставник по композиција, Дарен Трој, наставник по англиски јазик (Lilla Akademien, Шведска), Наташа Малиновска, наставник по виолина и раководител на класата за жичани инструменти и директорот Јован Бицевски (ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Македонија)“.

Проектот се состоеше во тоа што 10 ученици од Шведска и 10 ученици од Македонија ќе работат на компонирање музика заедно со наставниците по композиција Никлас Бреман и Бети Илиевска. Истите композиции беа испратени во Шведска и целосно доработени и оркестрирани од Никлас Бреман од што произлезе една преубава композиција која се нарече “Пријателство“. Истите ученици кои ја компонираа музиката, се собраа за прв пат во Стокхолм и премиерно ја изведоа во Eric Ericsonhallen во Стокхолм.

Како континуитет на успешно воспоставената соработка помеѓу музичко училишните центри од двете држави, договорена е посета на учесниците од Lilla Akademien на Р.Македонија и претставување со заедничката композиција пред македонската публика во јуни оваа година.

Покрај оваа композиција, беа изведени и композоциите Komidsommarsvit од композиторот Никлас Бреман и Фолклорен Танц од композиторот Иван Терзиев.

„Со нетрпение го очекуваме гостувањето на учениците и наставниците од Шведска кои треба да пристигнат во средината на јуни и да го одржиме истиот концерт во Македонија со што македонската јавност ќе има прилика за прв пат да ја слушне преубавата композиција пишувана од наши и ученици од Шведска“, ни изјави директорот Бицевски.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top