На прво место

Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник

veligden

Пораки на најголемиот христијански празник Велигден

veligden

Во христијанската религија, Велигден е најголемиот верски празник, празник над празниците. На тој ден христијанските верници го одбележуваат Христовото Воскресение, настан кој ја содржи целата суштина на христијанството и потврда на верата. Се прославува денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. „Празна ќе беше нашата вера, ако Христос не воскреснеше“ ќе рече во своите проповеди Свети Павле.

Велигден како најголем  празник, симбол на победата над смрта, денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите, се празнува уште од првиот век на нашата ера. Врз основа на Светото предание, овој празник кој е спој на верата и традицијата, се практикува уште од времето на светите апостоли, христовите ученици и нивните наследници.

Македонските православни верници со посебна радост го пречекуваат Велигден. На овој празник му претходат долгите Велики пости, кои траат седум седмици, а почнува на Велики Четврток, кога домаќинките  уште пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како што на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне, така и бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, на Христовото Воскресение.

Традицијата за вапцање на јајца има длабоки корени во историјата на светската цивилизација. Митот за создавањето на светот од јајце, а со тоа и јајцето како симбол на нов живот, се сретнува во повеќе култури на стариот свет. Оваа традиција се пренесува и во христијанството, а црквата го прифатила како симбол на Христовото воскресение. Ако јајцето значело нов живот, тогаш црвената боја била симбол на победата, симбол на божјата сила и моќ. Воедно црвената боја ја симболизира и крвта на Исус која божјиот син ја пролеал на крстатот за спасение на сите луѓе на земјата.

Марија Магдалена се смета дека била првата која го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Наскоро по Христовото вознесение, Спасовден, Марија Магдалена, го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Следејќи го нејзиниот пример првите Христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Факт е дека прославувањето на Велигден секоја година го менува датумот. Претходно Велигден се празнувал на разни датуми.  Првите правила според кои се одредува датумот кога се прославува Велигден се донесени во 325 година на Првиот Вселенски собор кој бил одржан во Никеја. На соборот кој бил свикан од страна на римскиот император Константин I, биле донесени неколку решенија. Едно од решениата кое било донесено се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето, а Александрискиот Архиепископ имал овластување секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.

Правилата според кои денес се одредува Велигден, се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила, Велигден секогаш е во недела и е по пролетната рамнодневница, во првата недела по полната месечина. Велигден не смее да се совпадне со еврејскиот празник Пасха, ниту да биде пред него. Доколку првата млада месечина по рамноденицата е пред Пасха, Велигден се одложува за првата недела по следната полна месечина, но гоколку пак во ист ден се совпаѓа со Пасха, се одлага за една недела. Разликите во сметањето кои се појавуваат со постоење на два христијански календари, Јулијански (православен) и Грегоријански (католички), обично предизвикуваат и различно празнување на овој голем христијански празник. Сепак во ваа година, исполнети се сите предуслови за заедничко славење на Велигден.

Велигден со текот на времето, станал празник кој ги сплотува луѓето од христијанска и исламска вероисповед, а црвеното јајце како знак на почит се дарува како симбол на пријателство. Славењето на Велигден и сите обичаи кои се поврзани со овој празник, всушност во себе ја носат вековната порака на синот божји, за мир и пријателство, за човекољубие и взаемно почитување, за свое осознавање и позитивно осмислување на живото

Христос Воскресе! Вистина Воскресе!

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top