На прво место

Длабоко во својата душа, Европа е Македонија

Nestor6

Nestor6

Професор, Нестор Огинар
New York-Скопје

“Длабоко во својата душа,Европа е Македонија.Ако европејците ги немаат одликите на македонскиот селанец,нашиот живот е загубен и ние сме зелена мува на фиданка трендафил,откорнат и фрлен на буниште. Се што сме и што правиме, не значи ништо. Се`што нашите претци биле и го правеле,не значи ништо, освен ако природно не се изедначиме со селанките од Скопска Црна Гора и од Битола,чии што прсти никогаш не ги забораваат урнеците што ги направила една древна култура, како симболи за тоа што го открила во врска со животот и смртта”.(Rebecca Wnest-”Црно Јагне СивСокол”(1937)                                                                                                                                    

За сите оние што ја сакаат и почитуваат вистината за Македонија и Македонскиот народ и го чекаат денот на Македонското Изгерјсонце:

Нешто е туѓо во Македонското гнездо. Дамоклов меч се надвиснал над македонските глави.Предавството ни се повторува по којзнае кој пат во нашиот духовен и физички простор.Времето како да се исчашило од зглобот на нашите традиционални морални вредности.Зарем се,па дури и светото име МАКЕДОНИЈА има пазарна цена во оваа наса древна и библиска земја? Зарем оваа генерација на политичари и интелектуалци не научија дека големото име знае да ги понижи,наместо да ги воздигне оние што незнаат да го чуваат,негуваат и одржуваат?

Како е возможно да оние што до вчера немаа ниту гунче да носат,денес градат велелепни палати врз македонската почва?Тие што до вчера со оружје во рака ја уриваа Македонската држава и ги убиваа македонските синови и ќерки,денес,во името на “рамката од Охрид” дрско државотворат во нашата земја и ја претвораат во туѓина за македонскиот народ.Силата,уцената и корупцијата влегоа и владеат во секоја пора на нашето општество.

 Ние Македонците сеуште и катаден нашиот вековен сон за сувереност,независност и демократија ги доживуваме како ноќна мора,како кошмарен сон од кој нема будење.Македонскиот народ кој до вчера работеше вредно и совесно,денес бара работа и правда по завеаните улици и шалтери на партиските бирократи.

Денес,како и поодамна,во нашава Македонија се` тече,се` се менува:знаме,устав,закон,име…Ох Господе наш!Се гасат старите огништа во западна,источна Македонија,како некогаш во Егејска и Пиринска Македонија.Пловат флоти од параходи по реките солзи на расплаканите македонски мајки за своите чеда.Бледеат белите едра на хоризонтот на македонскиот прогон некаде помеѓу Сцилата и Харибдата на нашето неизвесно утре.

Ние Македонците сме единствен народ кому му ги сечат и корнат корените од вечната почва забележана во древните мапи и страниците на Светото Писмо:со забрането име,со непризнат јазик, со непризната црква со анатемисани симболи на СОНЦЕТО,ЛАВОТ И КРСТОТ.

Ние Македонците сме единствен народ запишан жив во Светото Писмо што го бришеле и бришат од сите цивилизациски тефтери и меѓународни архиви,од сите организации,корпорации,институциии фондации оние од човечкиот род кои што од нас Македонците украле и зеле и земја,и јазик,и писмо,и вера!

Денес,во нашата древна и библиска земја се к’ти ноќта црна и петлите трипати пејат.Пискотници се слушаат од Галичник до Река,Сердарот е мртов повеќе од два века.Децата бегалци талкаат по бескрајните меридијани на Македонскиот Прогон копнеејќи да запловат назад кон Белото Море.Во историските црковни и световни архиви на нашите соседни земји:членки на Европа и НАТО грижливо иљубоморно се чуваат сите документи,списи,парафи,томови,одлуки и договори што отсекогаш се ставени како жртва на моралниот олтар на светската цивилизација за да се брише и негира безочно се`што било македонско.Така било од памтивек така е и сега.Да,така е и сега,иќе биде така се` додека на кормилото на Македонскиот Кораб стојат себични,алчни,корумпирани политицари и партии,чиишто усни никогаш не го почувствувале млекото на нивната стара,измачена Мајка што ги изнедрила од своите пазуви…

Но,ними ќе им речам,а ќе им речам и на нивните колонијални покровители нешто што сум го чул од испуканите усни на мојјот стар дедо кога се враќаше дома при зајдисонце со мирис на пресната Македонска земја од нашата плодна нива:

Македонецот не е немоќен дури кога се чини дека сите околу него,целиот жив свет го изневерува и напушта,затоа што во себе од памтивек ја носел стоичката кремена сила на своите претци.Од магичниот извор на своето трагично постоење, тој знаел да помнеи да не заборава.Тој знаел,во длабоките пазуви на својата благородна имилозлива душа да ги собере чувствата,звуците,формите,боите,симболите и зборовите и вртејќи се со нив кон Божјото око на Сонцето да направи од нив човечка драма што ја одразува бесмртноста на неговата волја за опстанок во театарот на животот.

Нам Македонците,не ни се потребни ни НАТО, ни Европа за да опстоиме.Сме биле пред тие да бидат и пак ќе бидеме!Нам, на Македонците не ни требаат неверни политичари и партии што не ја сакаат Македонија пред и над се`!

Нам,драги мои Македонки и Македонци ни треба да го најдеме заспаниот Херакле во секој од нас за да ги исчисти смрдливите стаји на Авгиј од сметот што врз нас со генерации го фрлаат домашни предавници и меѓународни месетари!

Да,ние би пловеле кон заводливата Европа,кон НАТОи кон Запад но не на роговите на разбеснетиот блуден бик,туку со веслата во кајчето на побожниот рибар Климе,со белите едра исткаени со белите раце на Билјана,со белите бисери на вечниот Охрид и очите сироко отворени кон Македонскот сонце!

Нашиот древен уцител,Аристотел не` учи да изгориме,секој од нас во огинот запален од нашите претци,да изгориме сите до еден за она во што веруваме за да има и светлина и топлина во огништето на нашите идни поколенија.Без тој безпрегор нема иднина.

Мудриот Сократ бара да се знаеме себеси пред се`и секој друг… Пред да бидеме Европјани,да бидеме Македонци!Зашто во делото на”Новиот Завет”,Македонецот бара од Светиот Велик Апостол Павле да дојде во Македонија и да помогне,како што Господ Бог им помага на оние што научиле да си помогнат на самите себеси.

Во Македонските бујни и високи гори,од Шар Планина до Грамос,од Кораб до Пирин растат и дабот и дренот и духот на Македон бдее будно над Македонија.

Сите оние што губат вера и надеж во Македонија,во себе во иднината мораат да мислат од изгрејсонце до зајдисонце дека постои и место и простор под ова сонце за вековните стремежи на безбројните генерации Македонци чии што коски и пепел се всадени во земјава што сите не` крепи.И тоа место е наше и никој не ќе може да ни го земе ако го чуваме и браниме како свои на своето: Ние…Народот,а не белосветските месетари и голобрадите политичари на кои сме им ја дале власта и довербата по легитимен и демократски пат.Македонија не е нивна,на нивните партии и надворешни наредбодавци.Македонија е наша;Таа е нашето име и достоинство,нашата гордост и надеж!

Македонија е вечна и неуништлива!Таа не е само име.Таа е и идеја,и идеал.МАКЕДОНИЈА,тоа е народот,луѓето:тоа се тутуноберачите,селаните,работниците,студентите,артистите, професорите,војниците,свештениците…Тоа се Македонците,нивните солзи,воздишки,нивниот труд,копнеж и надеж,нивниот живот и неизбришлива свест,свест на еден трагичен,горд,достоинствен ичовекољубив народ чија што порка до светот од секогаш била е иќе биде:

“Се`што Македонија раѓа,се`што Македонија дава,се`што Македонија остава е наше македонско.Како што треба да е наша и верата иљубовта кон ближниот и кон Бога и кон земјата Големата Мајка Македонија од чии што пазуви излегуваме и во чии што предели повторно се враќаме по бескрајните патеки на нашата национална Голгота.

Ако ја спасиме Македонија ќе го спасиме и светот и затоа не смееме да дозволиме да живееме во свет,во простор и време во кој ја нема Македонија и Македонскиот народ!

Најново од: На прво место

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

To top