На прво место

Драган Богдановски – живот посветен на идејата за независна и обединета Македонија

Dragan Bogdanovski 1
????????????????????????????????????

На 18 септември 2014 година се навршуваат точно 85 години од раѓањето на една од најмаркантните фигури од поновата историја на македонскиот народ – Драган Богдановски. Интересот за Богдановски во последниве години е особено изразен, и тој не е случаен. Драган Богдановски е најмногу познат по неговата политичка активност во емиграцијата и Р. Македонија, но многу помалку е познат неговиот творечки опус, кој дополнително треба да се истражува.

Неговата неуморна повеќедецинска активност се случувала во услови кога еден дел од Македонија, иако во рамките на една поширока федерација, има формирано своја држава. Во таа држава еден дел од македонскиот народ го остварил правото за слободен национален живот. Иако со ограничен суверенитет, сепак во таа држава биле формирани институции кои ја симболизираат државноста како Собрание, Влада, Претседател, потоа македонските политичари биле вклучени и во сојузните органи, во дипломатијата каде можеле на државно ниво да го актуелизираат македонското национално прашање. Со еден збор имало кој да се грижи за македонското национално прашање и секој оној кој ќе се обидел политички да делува надвор од востановената политика на СКЈ/СКМ бил сметан за непријател на народот и државата. Во таа категорија “државни непријатели“ уште од 50-тите години бил сместен и Драган Богдановски, момчето од кумановското село Клечовце кој по напуштањето на Југославија, во текот на 1956 година, како студент во Париз, со својата група истомисленици формирал Организација која имала за цел обединување на Македонија. Оваа организација, наречена „Македонски национален фронт“ (МНФ), иако кратко егзистирала е особено важна затоа што е првото политичко групирање на македонските иселеници во Европа по Втората Светска Војна. По распуштањето на МНФ, Богдановски се оженил за по кратко време да се разведе, затоа што идејата за независна и обединета Македонија му била поважна од домот и семејството. Во тој период, поточно во 1959 година во Осло Богдановски повторно ги започнал своите политички активности изразени преку издавање на весник и формирање на уште една Организација – „Македонски национален комитет“, а нешто подоцна и македонското културно друштво во Брисел – „Јане Сандански“. Таа идеја била ѕвздата водилка за Богдановски, која во средината на 60-тите години го однела во новоформиранта организација „Ослободителен комитет на Македонија“.

Оттогаш започнува талкањето на Богдановски по Европа, од град до град каде што има Македонци политички да ги организира, за остварување на таа идеја. Политичкиот зенит го достигнал во 70-тите години со списанието „Македонска нација“ и омасовување на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“. Тоа е период кога Богдановски бил веќе зрел човек и таквата негова политичка авантура го чинела многу на личен план. Поради низа причини не можел да го продолжи емигрантскиот статус, и без лични документи и постојано место на живеење, започнал да живее илегален живот, живот кој не знаел што му носи денес, а камоли утре. Но тоа не го обесхрабрило, туку уште повеќе го мотивирало да се посвети на идеалот, и со „Македонска нација“ под рака, илегално поминувајќи ги границите ги барал истомислениците по европските метрополи.

Токму во врвот на неговата активност и омасовувањето на Организацијата, се случило неговото киднапирање од страна на Службата за државна безбедност (СДБ), која уште од првите денови на неговата активност грижливо го полнела неговото досие. Во Скопје бил осуден на 13 години затвор, затоа што се залагал за независна и обединета Македонија, што не соодествувало со политичкиот курс на СКЈ/СКМ. По десет и пол години одлежани, во 1987 години бил пуштен на слобода, за по кратко време повторно да се врати во емиграција. Таму Богдановски повторно се нашол на животен крстопат: дали ќе си живее мирен пензионерски живот или ќе продолжи за реализација на идејата за независна и обединета македонска држава. И повторно се одлучил за идејата. Ги согледал тогашните политички услови во СР Македонија и идејно ја обмислил Демократската партија за македонско национално единство која имала за цел независност на Македонија. Повторно започнал турбулентен период за Богдановски, кој набрзо резултирал со негово напуштање на Партијата и трајно заминување во емиграција, каде и го пречекала смртта. Но, иако Богдановски се пасивизирал од политиката сепак до својата смрт останал доследен на идејата за самостојна, независна и демократска Македонија, за што сведочат повеќе негови написи од тој период, дел објавени, дел необјавени. Со таа идеја се градеше како личност, со таа идеја живееше и со таа идеја почина. Иако за таа идеја страдаше и беше прогонуван, сепак историјата е последниот судија, и денеска, благодарение на демократскиот систем во кој живееме, историјата му го обезбедува заслуженото место.

Dragan Bogdanovski 1

Д-р Марјан Иваноски

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top