На прво место

Криминалци во Реканско и влијанието врз Мијаците (1 дел)

kniga-za-mijacite

Македонска нација

kniga-za-mijacite

Авторот Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), пишува и за албанските инвазии во Реканско, нивното насилство врз македонското население и иселувањето на Мијаците од нивните живеалишта распространети на природната граница меѓу албанскиот и македонскиот народ.

Според Трајчев, албанската инвазија во Реканскиот крај, има свои корени уште во времето на Георги Кастриот Скендербег. Повикувајќи се на историчарите тој за овој период ќе напише:

„Родословието на презимето Кастриот, според Иречек и Макушев, (Славјаните во јужна Албанија) е од славјанско потекло. Таткото на Ѓорѓи Скендербег, Иван, бил женет за Воисава, ќерка на еден владетел во Македонија, во областа “Полог” (Тетово-Гостивар) – Горно-рекански крај, од селото Маврово. Ѓорѓи бил заложник при султан Мурат II и се потурчил, при што се преименувал во “Искендер бег”. Откако избегал од султанската војска, Искендер бег заминал за Албанија, каде ја примил христијанската вера и застанал на чело на 12.000 лица, меѓу кои имало и Мијаци. Потоа почнал да ги ослободува еден по друг градовите: Дебар, Светиград и други во Дебарско и реканската област (Барбарич – 180). Иречек (во својата историја – 477) експлицитно пишува: „дека населението во Дебарско се одликувало со голема храброст и преданост кон Скендербег, во борбите со султанот Мохамед II при Светиот град. Уште и денес Мијаците, во подножјето на Кораб со аристократска гордост, се сметаат за потомци на Скендербег”.

Ѓорѓи Кастриот после победите над Турците му ги подарил на Зографскиот манастир реканските села; Ростуше и Требиште (Иречек стр. 349).

Еден од доказите дека овие села се стари.

Во Галичник и денес има населби на името на браќата на Ѓорѓи Кастриот: Станош, Костадин, Рапош. Според преданијата, по загинувањето на Кастриотите, во знак на жалост, Мијаците ја носат горна облека “кепе” (зобанче) од црн шајак.“

Спроведувањето на реформите во Османската империја по објавувањето на Гилханскиот хатишериф во 1839 година не се одвивале безболно. Особено овие реформи на централната власт наишле на отпор кај војската. Албанските и босанските феудалци одбиле нив да ги применат во областите со кои управувале. Кон нив се придружил охридскиот Џеладин бег, како и пашите во Скопје и Тетово. На тој начин северна и средна Македонија се нашле под власта на одметниците и станала арена на пресметување меѓу силите на одметниците и централната власт. Последиците од овие судрувања биле тешки за македонскиот народ, кој бил опљачкан.

По овој вовед, авторот Трајчев говори и за првото албанско востание, повикувајќи се притоа на раскажувањата на галичанецот Ѓорѓија Пулевски во неговата ракописна “Славјанската македонска општа историја”(стр.331). Еве што пренесува авторот за овој период:

„Во текот на месец март 1845 година, албанските поглавари: Баба-феко од Прекупле и Дервиш Цара од Кичево, ги побуниле Албанците против султанот. Востанале Арнаутите од Призренско, Тетовско, Кичевско и др. без никаква вооружена подготовка, само со неколку пачки патрони и по два пченкарни леба. За издржување на востаниците служел данокот собран од населението… Кон крајот на месец април 1845 година Дервиш Цара ги повел своите кичевски востаници низ Тетово за Скопје, каде ги затекнале призренските и косовските востаници. Царскиот аскер и востаниците се бореле низ Скопска Црна Гора, Качаник, Катланово и други места, каде востаниците насекаде биле разбиени. Главната команда на царската војска се прибрала во Тетово.

Во почетокот на месецот септември 1845 година, по инцијатива на Акив паша и брат му Далиб бег, или по свое убедување, сакаат Дебраните да се ослободат од султанската власт и станат независни. Така востанатите Дебрани, заминуваат за Тетово против царскиот аскер, а го избираат Галичник за седиште на нивната команда. Во недостаток на логистичка поддршка, Дебраните реквирираат се што ќе најдат за прехрана од галичкото население. Галичките старешини, гледајќи ја оваа напаст за населението, решаваат да го известат главниот командант на турската армија во Тетово за подготовките на дебарските востаници и да се ослободат од нивното присуство. За таа цел го определуваат Стамат Гозароски тајно да замине за Тетово.

Стамат на дебарската стража им кажал дека ќе оди во планината да одбере бравови и јагњиња за храна на беговите и востаниците. Потоа стигнал во Сиречковото бачило и преку ноќта заминал за село Маврово каде им се обратил на старците за својата мисија. Од Маврово, во придружба на селанецот Мино, Стамат стигнал во селото Никифорово од каде прибрал трет пратеник, а од село Леуново прибрал четврт другар, по што тајно во ноќта пристигнале во Тетово. По пристигнувањето во градот се јавиле во главниот штаб на воената управа, каде расправале за подготовките на дебраните и за зулумините и страдањата на галичкото население. Командантот им побарал писмена изјава за да го потврдат кажаното. Меѓутоа, пратениците одговориле дека незамисливо е да достават писмена изјава поткрепена со селските печати, поради опсадната положба на областа од Дебраните. Откако се запознале со деталите за бројот на Дебарските бунтовници и нивната поставеност, царскиот аскер, на број 50 табури, под команда на Ајредин паша, го повикале и тетовскиот башибозук. На чело на движењето бил Карафил бег. На 18 септември 1845 година тргнала војската од Тетово за Дебар, а Мијачките пратеници биле задржани како заложници во Тетово. Штом војската стигнала на Пашинскиот преслап, арнаутската прва стража исчезнала кон планината Бистра. По пристигнувањето во Маврово, Ајредин паша во првите редови го испратил тетовскиот башибозук. Така аскерот стигнал до Царевиот Студенец каде се судрил со Дебраните, кои по првите топовски грмежи се разбегале, едни кон Момјак, други кон Иљово бачило, а трети кон Требишка дупка.

На 22 септември, пред пладне, една чета од стотина лица од Дебар, кои се доближуваат до Галичник, испукаа во насоката галишка во знак другарите да го напуштат селото и да се упатат проив Ајредин паша во Бистра планина. Така и се случило. Сите Дебарски бунтовници го напуштиле Галичник и се упатиле во правец на Солиштата. Средбата се случила на Фршец, каде по неколку топовски грмежи, гонети од војската, арнаутите се разбегале кон Дебар. Ајредин паша, кој го завзел Ѓурѓино Брдо, го бомбардирал и другото одделение на Дебрани кои биле позиционирани кај Црвени брегови. Дебраните разбиени од сите страни, ја напуштиле земјата и се упатиле кон Дебар, каде биле пристигнати од царската војска. Дебар се предал без отпор. Ајредин паша бил пречекан од Дебрани, на чело со Акив паша и брат му Далиб бег, кои му ја изразиле својата послушност. Ајредин паша сепак не го прифатил и ги испратил сургун. Ова се случило на 23 септември 1845 година. За конечно смирување на Дебарско, Ајредин паша бил принуден тука да остане до 5 ноември истата година, кога се враќа назад за Тетово. За сето време на овие немири Галичник останал неповреден. Живата стока, која се наоѓала надвор (овци и коњи), сета била ограбена. Галичани долго време по овие настани го празнувале денот 22 септември како празник во знак на ослободување од оваа напаст.“

Со победата на централните сили кај Катланово во 1845 година, сверозападниот дел од Македонија здивнал од теророт и пљачкосувањата за одреден период. Востаниците биле амнестирани, но, барањата не биле прифатени. Набргу потоа, според Трајчев, се случува второто албанско востание и нови пљачки, за кое авторот вели:

„Во 1846 година, тетовскиот Абдураман паша наумил да ги завладее Дебрани и ја дигнал на нога тетовската војска. Дебарчани, предводени од Акиф паша трганале да ги пресретнат, при што во судирот на Мавровско поле биле разбиени од тетовската војска. Победниците под раководство на Сулзарзо Гостиварски, се прибрале и утврдиле во Галичник, каде престојуваат цели два и пол месеци на сметка на галичкото население.

Голема била маката на Галичани од таа напаст. За да се спасат од тоа зло, Томо ќеаја Гиновски, во согласност со игуменот на манастирот Бигорски, архимандритот Арсен Камбурски презеле акција во Битола пред големиот везир, кого го молеле да се тргне тетовската војска, предводена од Сулзарзо. Набрзо потоа, барањето им било прифатено и тетовската војска заминала.“

 Колебливоста на османската власт во спроведувањето на реформите, како и отпорот против нив доведува тие да останат празна прокламација, а на теренот да се влошува положбата на македонскиот народ. Се зголемуваат даноците при чие собирање се прават уште поголеми злоупотреби, а истовремено се зголемуваат разбојничките напади.

Во Реканско, според Трајчев, албански разбојнички напади почнуваат од моментот кога Алирека од Штировица сакал да потурчи една убава мома од село Врбен, блиску Жорноница (Жировница). Галичани решаваат да ја спасат момата. Христо Трпески ја зема за синот Неделко. Гневен Алирека станува разбојник и го убива Ристета и други 10 Галичани. Неделко прво избегал со невестата во Крушево, а подоцна во Софија, каде станал голем трговец. Тогаш Галичани биле приморани да ангажираат чувари Албанци, наречени сејмени.“

Всушност така започнува одбраната на селата, стоката и луѓето од албанските разбојници.

Овие разбојништва почесто имаат карактер на грабеж отколку на убиства и се интензивираат после Ѓурѓовден, штом пристигнат големите стада овци на ќеаите од солунско. Тогаш и овие банди се подготвуваат за напад и грабеж на цели стада овци и коњи. Ако тоа не им успеело тогаш тие киднапирале деца или возрасен член од некое семејство и ги чуваат во заложништво се додека не добијат голем откуп – стотици жолтици за негово ослободување.

Продолжува

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top