На прво место

Честит Илинден и да ни е вечна Македонија!

Македонска Нација

Македонска Нација

На 2 август 1903 година пламна големото македонско востание, познато како Илинденско востание. Тоа претставува славна епопеја во револуционерната борба на македонскиот народ и израз на неговиот незадржлив стремеж кон слобода и независност. Во него дојдоа до израз вековните стремежи на Македонците за национално ослободување и остварување на своите државотворни традиции.

Овој стремеж делумно ќе се оствари на Вториот Илинден – на 2 август 1944 година, кога во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински“, на Првото заседание на АСНОМ, беше возобновена македонската држава.

Илинден 1903 година значеше многу и за своето време и за иднината на македонскиот народ. Македонците никогаш не го заборавија Илинден, ниту своите предци кои со крв ја испишаа поновата македонска историја. Не ги заборавија ниту по 1913 година, кога Македонија беше распарчана, а новите поробители се обидуваа да го избришат секој спомен за Крушевската Република и за македонските корени.

Големината на историските настани се мери според нивната трајност во колективната меморија на еден народ. Македонскиот народ ги памети двата Илиндена – оној од 1903 и оној од 1944 година. Памети дека големите и малите македонски дејци застанаа во првите редови на борбата на својот народ. Го памети масовниот хероизам на стотиците и илјадниците македонски синови и ќерки кои ги положија своите животи за слободата на татковината.

Илинденското востание, со својата масовност, еланот и храброста што ги покажа македонскиот народ во текот на тримесечните нерамноправни борби, го изненади светот. Единството и сплотеноста на народот особено дојдоа до израз во одбраната на Крушевската Република, родена во огнот на револуцијата.

Сепак, турските злосторства и масакри, опожарените села и колоните бегалци не ги поттикнаа големите сили да интервенираат и да придонесат за решавање на македонското прашање.

За разлика од политичарите, интелигенцијата и обичниот народ во Европа со симпатии ги следеа настаните во Македонија. На масовни митинзи се бараше заштита на населението и решавање на македонското прашање. Беше осудувана пасивноста на европските влади и се бараше преземање итни чекори за спречување на злосторствата и создавање автономна Македонија.

Во резолуцијата од големиот собир одржан во англискиот град Ридинг, меѓу другото, се вели:  „Изразувајќи ја нашата голема симпатија спрема Македонците во нивните страшни маки, ние жалиме што како нација не сме ослободени од одговорноста и вината.“

Многумина ѝ се восхитуваа на храброста и пожртвуваноста на македонските востаници, но интересите на големите сили и игрите на балканските држави не дозволија да се остварат идеалите на македонскиот народ.

Во зборникот „Британски документи за историјата на Македонија (1901–1904)“ е забележана изјавата на тогашниот британски генерален конзул во Солун, А. Билиоти, кој за македонските борци вели: „Тие ни покажаа како треба да се бориме и да умреме за слободата, светол пример што е вреден да се имитира. Така треба и ние да се бориме, да ја браниме нашата нација и нејзината слобода.“

Иако Македонија беше распарчана со Букурешкиот договор од 1913 година, борбата на Македонците за слобода не престана во ниту еден од нејзините делови. Илинденското востание стана идеал и непресушен извор на вдахновение за идните поколенија во Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.

Во текот на Втората светска војна Македонците веруваа дека дошло времето да се исполнат заветите на Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и на илјадниците херои од илинденската епопеја – да се извојува слободата и да се создаде сопствена македонска држава.

Македонскиот народ активно учествуваше во антифашистичката борба. Како резултат на таа борба, на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ, беше возобновена македонската држава, но само на еден дел од нејзината географска и етничка територија.

Со влегувањето во југословенската федерација се отвори можност за обединување на Народна Република Македонија и Пиринска Македонија. Но големите сили и претендентите кон Македонија повторно го спречија обединувањето и целосното исполнување на илинденскиот идеал.

И покрај сите обиди насочени против македонскиот народ, идеалот на Илинден никој не може да го згасне. Тој продолжува да гори во срцата на Македонците. Сè додека тие срца чукаат, ќе живеат Илинден, македонската држава и вечниот стремеж кон слобода, единство и достоинство.

Честит Илинден и да ни е вечна Македонија!

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top