На прво место

Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, кога негови блиски соработници се вмешани во шпионски афери?

СДС нема крај во својата политичка забеганост и хипокризија. Додека партијата ги обвинува другите за „српски свет“, странски влијанија и застапување туѓи интереси, токму поранешни функционери и луѓе блиски до СДС се поврзуваат со сомневања за соработка со српската разузнавачка служба БИА.

Таков е примерот со Виктор Петрушевски, поранешен советник на Зоран Заев и човек кој бил дел од високи партиски структури и тела на СДС. Неговото име се споменува во последната шпионска афера, во контекст на наводна соработка со српската служба.

Од друга страна, СДС зборува дека во Македонија продира таканаречениот „српски свет“ и тврди дека тоа претставува опасност. Истовремено, малкуте градоначалници на партијата, меѓу кои оние во Крива Паланка и Македонска Каменица, организираат концерти и народни собири со српски пејачи како Лепа Брена и Ацо Пејовиќ.

Хипокризијата е уште поголема ако се има предвид дека пратеникот на СДС и поранешен министер, вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и генерален секретар на партијата, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, ќе се забавува во првите редови на градскиот плоштад токму на концертот на Лепа Брена, пејачка која настапувала пред војници за време на војната во Босна и Херцеговина.

Оттука, го поставуваме логичното прашање: дали Венко Филипче е инсталација на БИА, кога луѓе од неговото политичко опкружување се поврзуваат со соработка и шпионирање во корист на странски служби?

Имајќи предвид дека малкуте избрани градоначалници на СДС организираат концерти и забави речиси исклучиво со српски пејачи, прашуваме и дали токму преку Венко Филипче, СДС и нивните функционери во Македонија продира таканаречениот „српски свет“?

Одговори за овие прашања треба да дадат конфузното раководство на СДС и Венко Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Top of Form

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top