На прво место

Духовден – Роденденот на Христовата Црква

Празникот Духовден спаѓа меѓу големите Господови празници. Во народот е познат под повеќе имиња: Дуовден, Доедни, Свети Дух, Света Троица, Педесетница и други. Се празнува десет дена по Спасовден, односно Вознесението Христово, и педесет дена по Велигден, Воскресението Христово.

Празникот се нарекува и Педесетница не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден, туку и затоа што настанот се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Евреите овој ден го празнувале во спомен на моментот кога Господ му ги дал законите на Мојсеј на Синајската Гора.

Во народната традиција Духовден често се поврзува со душите на починатите, па и многу од обичаите што се изведуваат на овој ден се поврзани со тие верувања, споменот кон предците и молитвата за покој на душите.

Во христијанството, Духовден е празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и на формирањето на Христовата Црква. На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух – Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора и ветувањето на Отецот. Христос им заповедал на апостолите да не се оддалечуваат од Ерусалим додека не се исполни ова ветување.

Со слегувањето на Светиот Дух, Христовите апостоли биле облечени во сила одозгора и оспособени да го продолжат Христовото дело на земјата. Од збунети и уплашени ученици, тие се преобразиле во храбри, мудри и непоколебливи проповедници на Евангелието, подготвени до смрт да сведочат за Христа.

Токму на овој ден апостолската заедница, исполнета со Светиот Дух, се преобразила во Христова Црква. По проповедта на апостол Петар, се крстиле околу три илјади души, со што била поставена основата на првата христијанска заедница.

Затоа Духовден со право се нарекува Роденден на Христовата Црква – ден кога верата, благодатта и мисијата на апостолите започнале силно да се шират низ светот.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top