На прво место

Двојните аршини на Европската Унија

Македонска Нација

Македонска Нација

Додека земјите од Западниот Балкан повеќе од две децении чекаат на конкретен напредок кон членството во Европската Унија, Европскиот совет денеска го отвори првиот преговарачки кластер за пристапување на Украина и Молдавија. Веста ја соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со Украина и Молдавија. На првата меѓувладина конференција во понеделник ќе го отвориме кластерот „Основи“, кој претставува столб на процесот на пристапување“, напиша Кошта на платформата Икс.

Според него, основниот кластер ги опфаќа клучните вредности и принципи на Европската Унија, вклучувајќи ги владеењето на правото, демократските институции и почитувањето на европските стандарди.

Од перспектива на граѓаните од Западниот Балкан, ваквиот потег неизбежно отвора прашања за критериумите и принципите што ги применува Брисел.

Македонија има кандидатски статус од 2005 година и повеќе од две децении го чека следниот голем чекор. Црна Гора преговара од 2012 година, Србија од 2014 година, Албанија е кандидат од истата година, додека Босна и Херцеговина и Косово сè уште се наоѓаат во претходните фази на интеграцијата. За дел од овие држави тоа веќе значи повеќе од дваесет години чекање, без јасен одговор кога ќе станат членки на Унијата.

Токму тука се создава впечаток дека правилата не важат еднакво за сите кандидати. Европската Унија официјално тврди дека процесот на проширување се темели на заслуги, реформи и исполнување на критериумите.

Но, во пракса геополитичките околности очигледно играат значајна улога.

Војната во Украина и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа ја направија интеграцијата на Украина и Молдавија стратешки приоритет за Брисел.

Ако геополитиката може да го забрза процесот за едни држави, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето зошто земјите од Западниот Балкан со години остануваат блокирани поради билатерални спорови, политички условувања и внатрешни несогласувања меѓу земјите членки на Унијата.

Токму затоа кај граѓаните во Западниот Балкан сè почесто се наметнува впечатокот за двојни аршини. Едни држави добиваат политички забрзана патека поради стратешки интереси, додека други со децении остануваат во европската чекалница и покрај бројните реформи, исполнети обврски и направени отстапки.

За граѓаните на Западниот Балкан, кои повеќе од дваесет години слушаат ветувања за европска перспектива, сè потешко е да поверуваат дека сите кандидати се третираат според исти правила.

И токму тука лежи суштината на проблемот: кога правилата не се применуваат еднакво, довербата во процесот неизбежно почнува да се губи.

Колку подолго Западниот Балкан останува во европската чекалница, толку пошироко се отвора просторот за Русија, Кина, Турција и други глобални сили да го зголемуваат своето политичко, економско и стратешко влијание во регионот. Тоа е простор што Европската Унија сама го остава празен со својата неодлучност и постојаното одложување на проширувањето.

Можеби е крајно време земјите од Западниот Балкан да сфатат дека во меѓународната политика нема вечни чекални и вечни ветувања. Ако Европската Унија не е подготвена да го интегрира Западниот Балкан како што со години ветува, тогаш крајно време е регионот да ги отвори вратите за оние држави што покажуваат поголем интерес за соработка, инвестиции и развој.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top