На прво место

ЕФА бара Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство

Европската слободна алијанса усвои декларација со која бара официјално извинување за репресиите врз Македонците во Бугарија, спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и прекин на двојните стандарди во однос на малцинските права во Европа.

Европската слободна алијанса (European Free Alliance – ЕФА), европска политичка партија која ги обединува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент, на своето годишно собрание едногласно усвои Декларација со која бара Бугарија да се извини за сите злосторства извршени врз македонското малцинство за време на комунистичкиот период.

Во документот се бара и целосно спроведување на 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правото на регистрација и дејствување на македонските организации во Бугарија.

ЕФА оценува дека состојбата со човековите права на Македонците во Бугарија останува сериозен проблем и смета дека Европската Унија мора поодлучно да инсистира оваа земја-членка да ги почитува своите законски и меѓународни обврски, особено во областа на човековите и малцинските права.

Во Декларацијата се критикува и примената на двојни стандарди во рамките на Европската Унија, односно различниот пристап кон земјите-членки и земјите-кандидатки кога станува збор за заштитата на националните малцинства и почитувањето на нивните права.

ЕФА го отвора и прашањето за невклучувањето на претставник на македонската заедница во Националниот совет за соработка за етнички и интеграциски прашања во Бугарија, оценувајќи дека е неопходно Македонците да добијат соодветна институционална застапеност и можност за учество во процесите што директно ги засегаат.

Посебно внимание во документот е посветено на историските репресии врз Македонците во Бугарија. Во Декларацијата се бара официјално извинување од бугарската држава за политиките спроведувани во комунистичкиот период.

„Ова мора да ги признае илјадниците Македонци кои беа тепани, присилно раселени, понижени, казнувани, затворани и убиени поради изразувањето на својот етнички идентитет и поради спротивставувањето на политиките на денационализација“, се наведува во Декларацијата на ЕФА.

Покрај оваа декларација, на годинешното собрание ЕФА усвои и Резолуција со која ги осудува политичките притисоци врз Македонците и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.

Усвојувањето на овие документи претставува уште едно отворање на прашањето за положбата на Македонците надвор од границите на Македонија на европско ниво и повик до институциите на Европската Унија доследно да ги применуваат принципите на еднаквост, човекови права и заштита на националните малцинства.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Најнови вести

To top