На прво место

Филипче и СДС ја свртеа плочата: од „нема реформи“ до напад врз дијаспората

Македонска Нација

Македонска Нација

Од Брисел пристигна директен демант на тезите на СДС – Македонија е меѓу земјите со најголем реформски напредок во Западен Балкан

СДС повторно покажува дека, кога нема политичка визија, посегнува по блокади и менување на темата. Откако со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, а потоа секојдневно тврдеа дека земјата не спроведува реформи, сега истиот модел на кочење го префрлија врз Изборниот законик.

Одеднаш, за СДС „антидемократски“ било македонската дијаспора да гласа, иако повеќе од 140 држави во светот им го гарантираат тоа право на своите државјани во странство.

Но токму во моментот кога Филипче и СДС ја менуваат темата, од Европската Унија пристигна информација што директно ги демантира нивните тврдења.

Македонија е меѓу трите земји од Западен Балкан, заедно со Црна Гора и Албанија, кои би можеле да добијат дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија преку прераспределба на средствата од Планот за раст.

Ова го објави Euronews, повикувајќи се на двајца официјални претставници на ЕУ, според кои Европската комисија е подготвена да го насочи финансирањето кон земјите што покажуваат најголем напредок во спроведувањето на реформите потребни за пристапување во Европската Унија.

Ова е силен политички демант на тезата што Филипче и СДС постојано ја пласираат – дека Македонија наводно не спроведува реформи и дека е закочена на европскиот пат.

Напротив, според оценките што ги пренесува Euronews, Македонија е препознаена како земја со добар реформски резултат и како дел од групата што има најголем напредок во процесот на пристапување.

Фондот за реформи и раст за Западен Балкан беше воспоставен во 2024 година, со цел финансиски да ги поттикне земјите кандидати да ги спроведат реформите потребни за членство во ЕУ. Инструментот го опфаќа периодот 2024–2027 година и располага со вкупно 6 милијарди евра.

Според податоците на Европската комисија, досега се ослободени околу 673 милиони евра, а речиси целото досегашно финансирање било насочено кон три од шесте земји кандидати – Црна Гора, Албанија и Македонија.

Механизмот е јасен: земјите добиваат средства само ако ги исполнат договорените реформски чекори во предвидените рокови. Доколку тоа не се случи, Европската комисија може да ги задржи средствата и да ги прераспредели кон други корисници.

„Каде што реформските чекори не се исполнети и истекол грејс периодот, соодветните средства може да бидат прераспределени меѓу другите корисници“, изјавил портпарол на Европската комисија за Euronews.

Токму затоа се отвора сериозно политичко прашање: ако Македонија не спроведува реформи, како што тврди СДС, зошто тогаш Европската Унија ја става меѓу земјите што можат да добијат дополнителна финансиска поддршка?

Како сега Филипче и СДС ќе го објаснат овој факт?

Дали затоа деновиве ја префрлаат јавната дебата на друга тема? Дали затоа повторно ја отвораат темата за македонската дијаспора, обидувајќи се да го прикријат фактот дека нивната теза за „немање реформи“ паѓа во вода пред оценките што доаѓаат од самата Европска Унија?

Пораката е јасна – реформите се мерат според резултати, а не според прес-конференции на Филипче и СДС.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top