На прво место

Филипче на Радев нека му пренесе дека очекуваме исполнување на пресудите од Стразбур

Македонска Нација

Македонска Нација

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска порача дека Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија, нагласувајќи дека државата нема повторно да прави отстапки без сигурност дека тие ќе донесат реален напредок во евроинтегративниот процес.

„Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени. Венко Филипче на својот бугарски претседател нека му пренесе дека очекуваме исполнување на пресудите од Стразбур“, изјави Манасиевски.

Тој истакна дека Македонија веќе платила висока цена поради, како што рече, погрешните политики на СДС и нивното раководство во минатото.

„Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче, плати прескапа цена со промената на уставното име на државата. Затоа овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од Европската Унија нема да има“, нагласи Манасиевски.

Според него, политиката на прифаќање условувања и диктати е завршена и новата Влада нема да дозволи носење одлуки на штета на националните интереси.

„Уцени и диктати какви што биле прифаќани досега, со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да има. Македонија и граѓаните немаат право повторно да бидат излажани. Нема повторно да се прават отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека тие отстапки навистина ќе значат напредок во евроинтегративниот процес“, рече Манасиевски.

Во своето обраќање тој упати порака и до лидерот на СДС, Венко Филипче.

„Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче нека му пренесе на Радев дека додека не видиме испорака од нивна страна, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика“, порача Манасиевски.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top