На прво место Коментари

Гоце Делчев – Знаме и симбол во борбата за слобода – Вечен патоказ за Македонија!

Од Кукуш до легендите: Како „македонскиот Гарибалди“ стана бесмртен идеолог на народниот непокор и симбол на борбата за независна Македонија.

Не постојат доволно страници да се испише и објасни големината на големиот револуционер, идеолот, борец за слобода – Гоце Делчев.

До ден денес светските историчари пројавуваат голем интерес за неговиот лик и дело и секојдневно прелистуваме илјадници страници како во домашните изданија така и во светските.

Бил наречен македонски Гарибалди дека беше Човек во вистинска смисла на зборот, човек кој се бори за слобода, демократија, независност.

Рускиот публицист Н.Г. Чернишевски запишал: Силните личности настаните ги забрзуваат или го запират нивниот тек и со својата надмоќна сила ја пренесуваат правилноста на хаотичното бранување на силите што ги движат масите.

Се појави на македонската сцена во тешко, специфично време а токму Гоце му даде прогресивен печат, му вдахна револуционерен дух на времето. Се жртвуваше за да ја изведе Македонија на патот кон слободата, го направи она што никој дотогаш нити било кога не може да го направи. Гоце Делчев е свето знаме, високо кренато и со победоносен дух.

Весникот Советска Македонија од 8 март 1923 година му дава високо признание и го става во редот на чесните, смелите и незасенчени идеалисти.

За неговата несмирена страст против ропството тој изјавува ‘До кога ние ќе им робуваме на овие бегови и аги, до кога ќе не плашат кајмаками и полицајци. Зошто македонскиот народ е должен да води таков живот, да ги храни тие крлежи што се впиле во снагата народна, Зарем Македонците не се храбри и јуначни? Кој смее да каже дека Македонците не се способни да ја извојуваат својата слобода, да ги урнат тираните, да се исчистат од крлежите ‘ Гоце Делчев при едно обраќање во Ваташа.

Токму  Гоце Делчев е една силна личност за каква пишува Чернишевски. Неговото име зрачи како сонце и ден денес, тоа e синоним за непокорност, јака воља, истрајност до конечна победа. Гоце е симбол во борбата за слобода, со неговата појава се ставило на пиедестал македонското национално ослободително движење, ги поттикна и раздвижи историските настани, ја разбуди свеста за слободна Македонија.

Секогаш им велел на своите соборци – Да бидеме готови да ја пресретнеме смртта, да ја пресретнеме и победиме!

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата.

Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Веста за неговата смрт брзо се раширила низ Македонија и никој не можел да верува во тоа. Ѓорче Петров забележал: Јас бев овде, кога се слушна за смртта  на Делчев, Страшно бев поразен. Ја криевме неговата смрт извесно време. Со неговата смрт осиромашуваше цел народ.

Британскиот новинар Џон Мекдоналд во Дејли Њуз објавил: – многу години беше душа на револуцијата во Македонија, Делчев беше идол на десетини илјади македонски селани. Европските читатели претпоставуваат дека Борис Сарафов е водач на револуцијата. Борис Сарафов не е повеќе од водач на една боречка чета…Вистинскиот водач во последните неколку години беше Георги Делчев.

Во хрватскиот весник Хрватско право од 8 мај 1903 пишува – Делчев е маркантна личност меѓу мажите што работаат во солунското подрачје. Тој е тичичен претставник на револтот на народот.. Во загрепскиот весник Обзор од 13 јуни пишувало – Делчев беше енергичен водач на Внатрешната македонска организација, со Делчев падна човек што беше душа на револуционерното движење во Македонија. Со неговата смрт и беше зададен тежок удар на Внатрешната организација и нејзините цели.

Голем простор одделен за објави за Гоце Делчев сведочи за големината на неговиот лик и дело, за тоа што значеше тој за Македонија. А секако неговата позната мисла: Јас го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите – е се уште насекаде прифатена и со гордост се цитира на значајни манифестации како во Македонија така и во светот.

Од странски автори кои се интересирале за македонската проблематика а посебно за Гоце Делчев бил и рускиот историчар В.И Зуев кој објавил документарен прилог кој го разработува местото и улогата на на Гоце Делчев како организатор и раководител на македонското национално ослободително движење. Основен заклучок на авторот бил дека сета дејност на Гоце Делчев била насочена кон ослободувањето на македонскиот народ од гнетот и експлоатацијата на турските феудални асимилатори. Делчев се бореше за национална независност и слобода на македонскиот народ. (од книгата Гоце Делечв од Христо Андонов Полјански).

Објавени се неколку биографии за Гоце Делчев но прво место зазема биографијата напишана од Пеју Јаворов објавена во 1904 година и е заначајна затоа што го означи почетокот на Делчевологијата.

Вечен му помен и никогаш да не се заборави неговиот лик и дело.

До надеж дека сите наредни генерации ќе го земаат за пример и ќе се борат за националните интереси на Македонија.

Денес Гоце Делчев е и треба да биде секој Македонец кој си ја љуби својата Библијска Македонија!

Гордана Димовска, Мелбурн, Австралија

Најново од: На прво место Коментари

СДС со европски пораки, а без поддршка за клучните реформи

Сѐ почести се реакциите во јавноста за, како што се оценува, двојните стандарди на СДС и нивниот лидер Филипче кога станува збор за европските интеграции и националните прашања. Додека од партијата јавно се повикуваат на европски вредности и потреба од забрзување на евроинтегративниот процес, во политичката јавност се отвора прашањето зошто дел од законите поврзани […]

Браќа и сестри Македонци!

Едмонд Темелко Пустец, Мала Преспа, Албанија Овој ден не е само датум. Овој ден е совест. Овој ден е прашање што секој од нас треба да си го постави пред огледало – дали сме достојни на името што го носиме – Македонија. Пред 123 години, на 4 мај 1903 година, во близина на селото Баница, […]

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО ПОЛИТИКИТЕ НА ЕУ: Ќе згасне ли бугарското вето или кредибилитетот на Европа?

Европа со години зборува за вредности. Во пракса – дозволува уцени. Системот на едногласност, замислен како гарант за единство, денес функционира како механизам за блокада. Наместо кохезија, произведува парализа. Наместо принципи, овозможува политички условувања. Една држава може да ја закочи иднината на друга – не поради неисполнети критериуми, туку поради историја, идентитет и дневнополитички калкулации. […]

Ништо ново во СДС: континуитетот на политиките и прашањата за иднината на државата

Во СДС ништо не се менува, Филипче по стапките на Заев е спремен да оди чекор понатаму со сервилноста и отстапките во трката за власт по секоја цена Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една […]

СДС шири паника за инфлацијата, економските мерки даваат резултати

СДС манипулира со инфлацијата, економските политики на Владата даваат резултати СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека токму СДС ја довела државата до економски колапс, рекордна инфлација и сериозно […]

Ристески: Нема предвремени избори, фокусот на ВМРО-ДПМНЕ останува на реформите и проектите до 2028 година

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24 изјави дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори и дека владејачката партија останува фокусирана на реформите, евроинтеграциите и реализацијата на инфраструктурните проекти. Според Ристески, приоритет на Владата е исполнување на реформската агенда и обврските кон европските партнери, а редовните парламентарни избори ќе се […]

Објавен „историски прирачник против големогрчката пропаганда“ наменета за Македонците во егјскиот дел на Македонија

Александар ДОНСКИ Неодамна во издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип во електронски (PDF) формат e oбјавена брошурата под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ и поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  […]

To top