Коментари

Браќа и сестри Македонци!

Едмонд Темелко
Пустец, Мала Преспа, Албанија

Овој ден не е само датум. Овој ден е совест. Овој ден е прашање што секој од нас треба да си го постави пред огледало – дали сме достојни на името што го носиме – Македонија.

Пред 123 години, на 4 мај 1903 година, во близина на селото Баница, згасна животот на Гоце Делчев – но не згасна неговата мисла. Таа остана да нè буди, да нè коригира, да нè обединува. Делчев не беше само револуционер. Тој беше идеја. А идеите не умираат – тие или се живеат, или се предаваат.

„Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“
Ова не се само зборови. Ова е завет. И денес, повеќе од било кога, треба да се запрашаме – каде сме ние во однос на тој завет?

Како Македонец од Мала Преспа, од Пустец, Ви се обраќам вам – во Република Македонија, во Егејска и Пиринска Македонија, во Гора и низ целата дијаспора. Не како политичар, не како некој што сака да ве убеди – туку како брат што ве чувствува, дури и кога границите нè делат.

Што нè разделува денес? Различни мислења? Партиски знамиња? Суети? Дали навистина тоа вреди повеќе од она што нè поврзува? Одговорот е еден: Македонија.

Македонија не смее да биде причина за поделба. Таа е причината што постоиме. Таа е коренот од кој сме израснати, и сенката под која треба да се вратиме кога ќе се изгубиме.

Ние, вашите браќа и сестри од Мала Преспа, од Пирин, од Егеј, од Гора, од дијаспората, не сме далеку. Само сме оттурнати од граници што не сме ги избрале. Но срцето не познава граници. Таму каде што чука македонско срце – таму е Македонија.

Затоа ве повикувам – да престанеме да се делиме. Да почнеме да се бараме еден со друг. Да градиме мостови, не ѕидови. Да се сетиме дека секоја наша слабост не ја плаќа никој друг – ја плаќа Македонија. Ова не е борба за минатото. Ова е одлука за иднината.

За децата што ќе прашаат што сме направиле кога било најпотребно. За внуците што ќе живеат со последиците од нашите денешни избори. Дали ќе им оставиме горда и исправена Македонија – или приказна за нешто што не сме знаеле да го зачуваме?

Ако не се обединиме околу она што нè дефинира, нема само повеќе да се делиме – ќе се изгубиме. А таа цена е преголема.

Затоа, денес – нека не биде само сеќавање на зборовите на Гоце Делчев. Денес нека биде пресврт кон македонско национално обединување.

Вечна да е нашата заедничка и горда Македонија – која мора на сите нас да ни биде мајка и причина конечно да се свестиме и обединиме.
Со Македонија нè има, без неа сме изгубени.

Едмонд Темелко
Пустец, Мала Преспа, Албанија

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Најнови вести

To top