На прво место Коментари

Ламбе Арнаудов: Јас и мојата река Илинден – заедно до устието!

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Само водата и каузата секогаш го наоѓаат својот пат

Јуни 1962 година. Последните денови пред летниот распуст, а истовремено и последниот час по географија – време за сведување на оценките.

На мое големо изненадување, учителката ме крена мене и ми постави прашање со кое, како што рече, требаше да ги расчисти дилемите околу мојата конечна оценка.

Марга, така се викаше, беше извонреден педагог и одличен познавач на својот предмет. Природно авторитетна, елегантна, секогаш уредна, строга, но бескрајно праведна.

Особено препознатлив беше еден необичен детаљ од нејзината беспрекорно уредна гардероба. И зиме и лете носеше облека со долги ракави, завртени до лактите, а под левиот ракав секогаш чуваше шамивче – марама.

Нејсе, прашањето што ми го постави беше едноставно и навидум многу лесно:

– Кои се најпознатите географски особености на градот Крушево?

Колку што беше едноставно прашањето, стопати беше посложен мојот одговор.

– Крушево е познато по многу географски особености, но кај нас и во целиот свет најмногу е познато по тоа што таму извира реката Илинден.

Во одделението настана општа смеа и чудење. Само Марга остана совршено прибрана и мирна, а потоа продолжи со испрашувањето:

– Добро, каде точно извира реката?

– Кај месноста Мечкин Камен, а самото издашно врело се вика ВМРО – одговорив.

– Какво е течението на реката? – следуваше ново прашање.

– Илинден е втора крштевна река по реката Јордан, но единствена по тоа што уште од својот извор тече на четири страни.

– Каде поточно?

– На исток се влева во реката Места; на север и на запад се движи кон планинските венци и масиви на Шар Планина, Прохор Пчински, Јабланица и Мокра Гора, а на југ допира до своето свето устие – Беломорието.

Веројатно затоа што учителката не им се придружи на моите соученици во смеата, нередот одеднаш се претвори во гробна тишина. Сите зачудено ја очекуваа нејзината реакција.

Поминаа неколку мига, тешки како вечност. Потоа Марга го извади своето препознатливо шамивче.

Тоа не беше ниту четириаголно ниту триаголно, туку имаше необична форма, со полукругови, засеци, краци и кривулести рабови. Сепак, сите ја препознавме географијата на нашата прататковина – Македонија, не само тогашната и поранешната, туку, апсолутно сум сигурен, и идната.

Шамивчето беше со силна црвена боја. На него беа обележани сите градови и села, а со доминантни црни букви беше испишано името Солун. По рабовите беше порабено со светла, златножолта срма.

Учителката ги избриша солзите, го прекина часот и замина речиси уште пред вистински да започне.

Подоцна станав мошне љубопитен. Со грижа на совеста поради настанот што го предизвикав, се обидував да ја разберам причината за нејзината, за тоа време, многу необична реакција.

Дознав дека Марга била велешанка и дека потекнувала од благородна лоза на македонски преродбеници, револуционери и гемиџии – чесни и храбри борци за македонската кауза.

Во тој момент се разбудив.

Сонот го сонував утрото на 2 август, на денот на Свети пророк Илија, во народот познат како Илинден.

Според народното предание, соништата што се сонуваат во недела наутро секогаш се остваруваат.

Свети Илија во македонското народно паметење се доживува како небесен заштитник, но и како духовен мост меѓу борбата за слобода, македонската државност и вечната надеж на народот.

Јас и мојата река Илинден продолжуваме да течеме без застој – сè до нашите устија.

А вие, скептици, колебливци и кукавици, со вашите препознатливи особини – лактањето, ползењето и додворувањето – можеби ќе ги претркате сите и први ќе стигнете.

Тогаш вашето единствено „храбро и јуначко дело“ ќе биде да откривате споменици, да посетувате могили и музеи и да држите говори во кои ќе ги величате делата на бесмртните, без притоа вистински да разбирате зошто го правите тоа.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека биде вечен споменот на бесмртните и нека биде вечен нашиот пиетет кон нив!

А реката нека продолжи да тече кон своето устие – некогаш мирно, некогаш по заобиколен пат, но најчесто брзо, силно и храбро. За наша благодарност, за нивна радост и како исклучителна привилегија на храбрите.

Вечна ВМРО-вска Македонија!

Најново од: На прво место Коментари

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top