На прво место

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните.

„Антимон е критичен и редок минерал, најчесто користен во воената индустрија. Секако, постојат и некои други примени, но генерално, кога зборуваме за антимон, зборуваме за воената индустрија“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека проектот има потенцијал да добие пошироко стратешко и економско значење за Македонија.

„И во тој поглед, мислам дека со завршувањето на овој проект ќе можеме да ја зголемиме важноста на мојата земја и истовремено да го зголемиме богатството на граѓаните и економскиот стандард, бидејќи, како што реков, според првите извештаи, резервите се многу поголеми од збирните резерви на денешните прв и втор продавач во светот“, рече Мицкоски.

Проектот е поврзан со наоѓалиштето на антимон кај селото Луке, Кривопаланечко. За време на актуелната посета на САД, Мицкоски повторно го посочи рудникот за антимон меѓу проектите за кои се разговара со американската страна.

Интересот за антимонот е особено голем поради неговото значење за стратешките синџири на снабдување и одбраната. Податоците на Геолошкиот институт на САД (USGS) покажуваат дека светското производство е концентрирано кај релативно мал број производители, додека американските власти вложуваат во обезбедување нови извори на овој критичен минерал.

Мицкоски и претходно во интервју за американскиот „Breitbart“ зборуваше за македонскиот антимон, наведувајќи дека се работи за големо наоѓалиште и дека идејата е минералот да се ископува во Македонија и да се пласира во САД, каде што би се користел, меѓу другото, за производство на воена опрема.

Доколку проценките се потврдат и проектот биде реализиран, антимонот би можел да стане значаен дел од економската и стратешката соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top