На прво место

Мицкоски во „Rishtazi“: Македонија сака членство во ЕУ, но нема да прифати ново понижување и двојни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски, во опширно гостување во подкастот „Rishtazi“ на „KohaCast“, кај новинарот Назим Рашиди, зборуваше за европската иднина на Македонија, барањата за уставни измени, односите со Бугарија, владеењето на правото, борбата против корупцијата, правичната застапеност и состојбата со водата во Гостивар.

Централна порака од разговорот беше дека Владата останува посветена на членството во Европската Унија, но нема да прифати решение засновано врз уцени, двојни стандарди и обврски што важат само за Македонија.

„Подготвен сум да разговарам со секого и секаде. Колку што е потребно за да најдеме одржливо решение што ќе нè одведе до конечната цел. Во меѓувреме, ќе ја спроведуваме реформската агенда, ќе градиме подобро општество и подобри услови за живот“, порача Мицкоски.

Нема уставни измени според бугарскиот диктат

Говорејќи за барањето Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав, Мицкоски нагласи дека уставни измени нема да се случат во формата во која сега се бараат.

Според него, Македонија не може постојано да исполнува нови услови, додека обврските што ги презела Бугарија во однос на почитувањето на човековите права на Македонците остануваат само на хартија.

Мицкоски потсети дека постојат повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со македонската заедница во Бугарија. Со нив се утврдени повреди на правата на здружување, но бугарските власти и натаму не дозволуваат непречена регистрација и дејствување на македонските организации.

„Од нас се бара да го почитуваме она што го прифатила една претходна македонска влада, но она што го прифатила една претходна бугарска влада – почитувањето на човековите права – не се спроведува“, истакна премиерот.

Тој таквиот однос го оцени како политика на притисок и двојни стандарди, која нема допирна точка со Копенхашките критериуми и со темелните вредности врз кои била создадена Европската Унија.

„Ова не е шведска маса од која ќе го земеме само она што ни се допаѓа, а ќе го оставиме она што не ни одговара. Тоа се принципи. Она што важи за мене, мора да важи и за вас, и обратно“, порача Мицкоски во интервјуто. Целосните изјави за уставните измени ги објави „Журнал“

Целта е членство, а не бесконечен почеток на преговори

Мицкоски нагласи дека целта на Владата не е само формално отворање на преговорите, туку добивање јасна и остварлива перспектива за полноправно членство во Европската Унија.

Тој потсети дека Македонија во изминатите децении направила крупни отстапки – го променила знамето, повеќепати го менувала Уставот и го променила уставното име – но ветувањата за брз напредок кон ЕУ не биле исполнети.

„Кога на маса ќе имаме решение што гарантира дека ќе станеме дел од Европската Унија, тогаш сме подготвени да разговараме. Не сме подготвени за привремени решенија што само ќе го започнат процесот“, рече Мицкоски.

Според него, искуството ја научило Македонија дека секоја нова отстапка била претставувана како последна пречка, по што повторно се појавувале дополнителни барања.

Нема европски „воз“ што Македонија ќе го пропушти

Осврнувајќи се на предупредувањата дека Македонија наводно ќе го „пропушти европскиот воз“, Мицкоски порача дека во овој момент нема таков воз што се движи кон брзо проширување на Европската Унија.

Тој нагласи дека државата треба да продолжи да ги спроведува реформите поради сопствените граѓани и институции, а не само за да исполни формални услови наметнати однадвор.

Европската интеграција, според премиерот, мора да се заснова врз заслуги, исполнети критериуми и заемно почитување, а не врз билатерални прашања со кои една земја членка може неограничено да ја блокира друга држава.

Бесплатна линија за пријавување корупција

Во разговорот Мицкоски најави и воспоставување систем преку кој граѓаните ќе можат да пријават доколку некој службеник им побара поткуп.

Проектот треба да биде реализиран во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана меѓународна невладина организација. Во државните и општинските институции ќе бидат поставени известувања со информации како граѓаните да ја пријават корупцијата.

Мицкоски посочи дека во јавноста постои висока перцепција за корупција, но дека е потребно граѓаните да бидат охрабрени конкретно да ги пријавуваат случаите со кои се соочиле.

„Ако не разбереме дека сè почнува од нас, тогаш можеме да ги донесеме и најдобрите реформи на хартија, но без луѓе што ќе ги спроведуваат тие реформи нема да дадат резултат“, рече тој.

Според најавата, системот „Пријави корупција“ би можел да почне да функционира во август. Деталите за најавената антикорупциска линија ги пренесе „Слободен печат“

За Гостивар: Институциите мора да ја утврдат одговорноста

Во делот посветен на кризата со водата во Гостивар, Мицкоски истакна дека институциите работат во консултација со стручни лица и дека приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните и целосното нормализирање на водоснабдувањето.

Тој повика чувствителното прашање да не се користи за ширење паника и политичка хистерија, туку да им се остави простор на надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба и одговорноста на сите што постапувале несовесно.

Според Мицкоски, токму случајот во Гостивар покажува дека ниту една реформа не може да успее доколку на одговорни позиции се наоѓаат лица кои не ги извршуваат своите обврски совесно.

Разговор за сите чувствителни прашања

Во интервјуто беа отворени и прашањата за правичната застапеност, употребата на јазиците, функционирањето на Уставниот суд и примената на Бадентеровиот принцип.

Мицкоски порача дека решенијата мора да бидат во согласност со Уставот, да не создаваат нови поделби и да не ја заменуваат стручноста со етничко или партиско вработување.

Гостувањето на премиерот во медиум на албански јазик претставуваше можност неговите ставови директно да бидат соопштени пред пошироката албанска јавност. Во разговорот тој нагласи дека Владата мора да им служи на сите граѓани и дека политиката треба да создава заедничка иднина, наместо постојано да ги продлабочува етничките и партиските поделби.

Целото гостување може да се проследи на „Rishtazi“ – KohaCast

Најново од: На прво место

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 […]

Платформата бара оставка од Филипче

Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДС во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата, се наведува во соопштението на Платформата за промени во СДС. По резултатот од првиот круг на изборите за градоначалник на општина Брвеница, во кој кандидатот на СДС […]

Филипче и СДС: Изгубивме убедливо — подгответе ја прославата!

Победниците обично слават, а поразените анализираат. СДС на чело со Филипче, конечно го надминавме тој „застарен“ обичај: победниците нека ја водат општината, поразените ќе ја водат прославата! Брвеница гласаше, кутиите се отворија, гласовите се преброија. ВМРО-ДПМНЕ — СДС: 4:1. Но вистинската неизвесност почна потоа: како СДС ќе го претвори убедливиот пораз во охрабрувачка вест? И […]

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во Брвеница — на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг во Брвеница. На 1 ноември влегуваме во вториот круг со голема предност и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба, порача Ковачки. Ковачки упати благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои излегоа на гласање […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека […]

Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови води во Брвеница — во вториот круг со Аркин Јахи

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 2.943 гласови, односно 38,90%, според првичните резултати на Државната изборна комисија. Со предност од 791 глас пред второпласираниот Аркин Јахи, Радичевски влегува во вториот изборен круг. Според податоците на ДИК, ажурирани на 18 октомври во 21:27 часот, обработени се сите 24 избирачки места во Општина […]

Светски подвиг на Матка: нов светски рекорд во пештерско нуркање

Македонски, полски и италијански нуркачи ги поместија границите на истражувањето на Врело. Според Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, достигнувањето претставува нов светски рекорд во пештерско нуркање. Под мирната површина на Матка, меѓу карпите што го чуваат едно од највпечатливите природни богатства на Македонија, меѓународен тим нуркачи оствари исклучителен подвиг. Во рамките на експедицијата „Врело 2026“, подводната пештера […]

To top