На прво место Дијаспора

Славе Катин е добитник на наградата „Клучевите на Преспа 2026“ за животен придонес во афирмацијата на Македонија и иселеништвото

Славе Катин е добитник на наградата „Клучевите на Преспа 2026“ за животен придонес во афирмацијата на Македонија и иселеништвото

Годинешната награда „Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на истакнатиот македонски публицист, новинар и аналитичар Славе Катин, како признание за неговите достигнувања во публицистиката, науката и новинарството, за повеќедеценискиот придонес во афирмацијата на Македонија во светот, неговата трајна поврзаност со Преспа и за неуморната работа во афирмацијата на македонското иселеништво, со особен акцент на иселениците од етничка Преспа.

Признанието беше врачено во рамките на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА – Скопје.

Во присуство на бројни дипломати, општествени и културни дејци од европските и балканските земји, на 6 јули, пред Сарајот во Ресен, амбасадорот Јордан Плевнеш, во име на Советот на Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, за „Актер на Европа 2026“ го прогласи легендарниот словенечки филмски и театарски актер и режисер Нико Горшиќ. Ова престижно признание традиционално им се доделува на истакнати европски и светски актерски имиња.

Почесната награда „Клучевите на Преспа 2026“, пак, му беше врачена на преспанчанецот Славе Катин, еден од најистакнатите познавачи на македонското иселеништво на сите континенти.

Фестивалот „Актерот на Европа“ е основан во 2003 година со цел преку уметноста да промовира мир, културен дијалог и обединување на народите.

Наградата „Клучевите на Преспа“ е востановена во 2015 година и се доделува на личности кои дале значаен придонес во афирмацијата на Преспа и Преспанското Езеро во Европа и светот. Меѓу досегашните добитници се академик Вера Битракова-Грозданова, Ксавиер Боне, Луиза Винтон, академик Андраж Чарни, Захари Иванов, амбасадорот Кристијан Тимоние, Бошко Рајчовски – Пелистерски, амбасадорот Ристо Никовски и проф. д-р Никола Јанкуловски.

Доделувањето на наградата на Славе Катин претставува признание и за неговите педесет години плодотворна публицистичка, преведувачка и новинарска дејност, преку која остави длабока трага во истражувањето и документирањето на животот, историјата и судбината на македонското иселеништво.

Во текот на пет децении, Катин останува доследно посветен на националната тема за Македонците во светот, издигнувајќи ја нивната преселничка судбина на ниво на колективна национална и историска категорија. Неговото творештво претставува мост меѓу раселените Македонци и нивната татковина, придонесувајќи за зачувување на националниот идентитет, јазикот, културата и духовните врски.

Неговите текстови не се само хроника на настани и средби, туку сведоштво исполнето со љубов кон Македонија, патриотска мисла и силна визија за македонството. Во нив се преплетуваат историски факти, хуманистички пораки, лични сведоштва, патриотски идеали, како и психолошки и социјални аспекти на животот на Македонците во светот.

Делата на Славе Катин претставуваат и драгоцен документ за современиот однос кон македонското иселеништво и неговите културни, црковни, спортски и национални организации. Тие отвораат нови перспективи за градење и зацврстување на врските меѓу Македонија и нејзините иселеници.

Во своите репортажи, патописи, скици и публицистички записи, Катин со особена чувствителност ја следи преселничката судбина на Македонците, нивниот економски, културен и духовен живот, како и значајната улога на Македонската православна црква во зачувувањето на националниот идентитет.

Со чувство и љубов кон историјата на македонското печалбарство, Славе Катин на секој Македонец му подарува литература низ која може да ја препознае сопствената судбина – и во земјата каде што живее и во својата татковина Македонија.

Неговото творештво ја открива болната, но достоинствена приказна за Македонците ширум светот, исполнувајќи ја својата општествена и национална мисија – да ги одржува и зацврстува врските меѓу раселените Македонци и оние што живеат и создаваат во Република Македонија.

Пишува: Веле Митаноски

Најново од: На прво место Дијаспора

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

To top