На прво место

СМК: Македонија со болка се простува од Ристе Велков, неговиот син Адам и нивните пријатели Петар и Марко

Светскиот Македонски Конгрес изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа кај Визбегово, нагласувајќи дека Македонија изгуби голем уметник, родољуб и патриот, а македонската оперска сцена еден од своите најистакнати баритони.

Во тешка сообраќајна несреќа, којашто вчеравечер околу 23 часот се случи на потегот меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, кога товарно возило “MAN“ со полуприколка, управувано од 76-годишен возач од Косово, изгубило контрола, преминало во спротивната лента и директно се судрило со патничко возило “BMW“ со скопски регистарски ознаки, животот го загубија четири лица, меѓу кои – првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот дваесетгодишен син Адам Велков и другарите Петар Миланов (20 години) и Марко Ѓорѓиевски (21 години), телата на сите загинати биле предадени на обдукција.

Од силниот удар избил пожар во двете возила, кои целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Возачот на камионот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, додека се спроведува истрага за причините за несреќата.

Македонската јавност со неизмерна тага и неверување ја прими веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков. Македонија изгуби голем Македонец, екологист, родољуб и патриот за Македонија и Македонскиот народ.

Македонската оперска сцена, пак, изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура.

Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти. Роден е во 1975 година во Скопје, Македонија. Како реномиран солист – првенец на Македонската опера и балет, тој претежно настапува во белканто продукции, со што го заслужува и епитетот “италијански баритон со кадифена боја“.

Средното музичко образование го завршува во Државниот музичко балетски училишен центар “Илија Николовски – Луј“ во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Марија Николовска, насока соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитет “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1999 година, во класата на проф.м-р Милка Ефтимова. Магистрира со највисока оцена cum laude во 2011 година на истиот факултет, во класата на проф.м-р Билјана Јовановска Јакимовска, насока соло-пеење.

Во периодот 1995–2000 година ги гради основите на оперското пеење кај македонскиот тенор Гога Трајанов. Своето уметничко усовршување го продолжува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев од Загреб, како и кај познатите италијански вокални педагози Антонио Бојер и Мирела Паруто, и светски познатиот романски баритон Николај Херлеа. Од 2001 до 2017 година се специјализира и го надградува својот репертоар во приватното оперско студио на бугарскиот баритон Стојан Попов во Софија.

Во 1996 година, како студент, дебитира во драмската претстава “Амадеус“ на сцената на Драмски театар – Скопје. Во 1998 година дебитира на “Мајски оперски вечери“ со улогата на Маруло во “Риголето“. Во 2009 година настапува на матичната сцена во Македонската опера и балет со насловната улога во “Набуко“. Во 2016 година настапува во продукција на Tokyo Opera во Јапонија, со улогата на Жорж Жермон во “Травијата“, во Performing Arts Center Ryutopia во Ниигата. Во 2017 година одржува солистички рецитал во Музеј-куќата на Борис Христов во Софија.
Велков гостува во Јапонија, Србија, Романија, Турција и Бугарија, а настапува на речиси сите значајни домашни фестивали и манифестации: “Охридско лето“, “Скопско лето“, “Штипско лето“, “Есенски музички свечености“, “Мајски оперски вечери“, “Интерфест“ – Битола и други.

Во текот на својата кариера реализираше голем број улоги, меѓу кои повеќе од 15 главни и водечки баритонски остварувања: Набуко (“Набуко“), Риголето (“Риголето“), Магбет (“Магбет“), Грофот Луна (“Трубадур“), Жорж Жермон (“Травијата“), Дон Карло ди Варгас (“Моќта на судбината“), Амонасро (“Аида“), Ецио (“Атила“), Енрико (“Лучија од Ламермур“), Белкоре (“Љубовен напиток“), Ескамиљо (“Кармен“), Валентин (“Фауст“), Шонар (“Боеми“), Алфио (“Кавалерија рустикана“), Силвио (“Палјачи“), Таткото Петер (“Ивица и Марица“), Сигизмунд – крал на Полска (“Иван Сусанин“), Огнен (“Цар Самуил“) и Вангел (“Илинден“).

Неговата посветеност кон уметноста, впечатливите улоги и љубовта кон сцената ќе останат трајно запаметени.

И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ја душата на починатите твои чеда и наши браќа во Господа, прости и’ ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја нивната душа во место мирно, место блажено, место каде што нема бол, ни тага ни воздишка, но живот бесконечен во Царството Небесно каде што почиваат душите на праведниците… Нивниот лик и глас постојано ќе пеат со нас за Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите, до нивните роднини и пријатели во Македонија и светот.

Слава им и вечнаја памјат, Бог да ги прости, почивајте во мир. Амин.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top