На прво место

Тимчо Муцунски упати честитка до САД по повод 250 години од независноста

Македонска Нација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста.

Тој истакна дека пријателството, стратешкото партнерство и сојузништвото меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности, меѓусебна доверба и заедничка посветеност кон мирот и безбедноста.

„Како сојузници во НАТО, остануваме цврсто посветени на понатамошно продлабочување на соработката во областа на одбраната, безбедноста, енергетиката, трговијата и инвестициите. Уверен сум дека ова партнерство ќе продолжи успешно да се развива и во годините што следуваат“, порача Муцунски.

 

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

Водата во Гостивар може да се пие

Водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, информираше дека забраната е укината и дека граѓаните повторно можат да ја користат водата за пиење и за приготвување храна. Сепак, на жителите им се препорачува […]

Злата и Цветко – љубовта што загина во последната одбрана на Крушево

Александар Стеванов Битката кај Слива, 12 август 1903 година Понекогаш историјата не ја пишуваат само големите војводи и судбоносните битки. Ја пишуваат и обичните луѓе — оние чии лични соништа засекогаш останале под урнатините на големите историски пресврти. Таква е приказната за Злата Велева Богеска и Цветко Стојчев Коруновски, двајца млади луѓе од селото Селце, […]

To top