На прво место

Во Гостивар откриена нелегално поставена пумпа, преку која вода од реката Вардар директно вбризгувана во водоводниот систем

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем, поради основано сомневање дека таа е загадена и небезбедна за употреба.

Одлуката била донесена по вонреден инспекциски надзор во пречистителната станица во селото Вруток, спроведен по известување од Основното јавно обвинителство во Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи.

Во надзорот учествувале инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Институтот за јавно здравје.

При контролата било утврдено дека на главниот цевковод од водоводната мрежа нелегално била поставена пумпа, преку која вода од реката Вардар директно се вбризгувала во системот за водоснабдување.

Од водата биле земени мостри, кои се доставени на лабораториско испитување за да се утврди дали е безбедна за пиење.

До добивањето на резултатите од анализите, водата од гостиварскиот водовод не треба да се употребува за пиење.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека времената забрана е воведена заради заштита на здравјето на граѓаните, а јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите од лабораториските анализи и за понатамошните мерки.

Најново од: На прво место

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. „Антимон […]

16-veterani 22

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но, се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев, со него во Владата, го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси? Одговорот е многу едноставен. Како министер, Филипче […]

To top