|
||||
Земја |
Таа земја сега што ја чекорам таа земја в пролет што ја буди југот таа земјa своја не ја знам таа земја простете е туѓа! Рано тргам по фабрички друм. Безброј рубашки се тискаат се ројат. Слеани сме со раце со ум но земјава… сепак не е моја! Над мојата земја в пролет сјај се плиска водопади грмат од сонце набликнато. Ја сеќаваш в срце ти неа за блиска и гледаш кај скокум безброј цвеќа никнат. Над мојата земја до небото Пирин се крева. Боровите в бура илинденски приказни пеат. Над Охрид модрината во просторот се слева а подолу уште на Егејот далги се леат. Сал ќе си спомнам и крвта в миг ќе сјури вo срцето кое се топи во спомени нежни. Мој роден крај! Крај личен. Лулан в бури поен со крв среде витлавици мрежни. Никола Јонков Вапцаров Софија, 1938 |