
Да сме Обединети! Со таква идеја,
светило и зарек, браќа не се делат
Достојни за дострел во еден глас велат:
“со иста сме мисла-смели сме со неа”!
Со восхит победните песни ќе се пеат
Со сончево знаме и осветлени чела
Вековните мечти да вивнат во дела
Благодет да блеска, плодови да зреат.
Во свето единство и стари и млади
Со љубов и завет иднина се гради-
Од една сме грутка стара и делена.
За мајка родина во библијата велена
Збратимени завек, зајакнати во слога
На пат непреминат со поздрав од бога!
Марк Шоболев
Ливониа, САД