Песни за Македонија

Денес

1 281607 200191996701356 544483 n

1 281607 200191996701356 544483 n

Денес,
над градот Крушево
кај Мечкин камен
на овој ден знамен
крај овој споменик вечен
песна ечи
се тресе комитска гора
од разиграни ора.

Денес,
разгорени искри
ко жар светат
над потоци бистри
приказните за Илинден цветат.
Илинден е,
со пламнато срце
пред споменикот стојам
а таму од сјајот
блеска ѕвездата твоја.

Денес,
развиорени знамиња
раскрилува радост
песна силно ечи
во нашите срца нова младост
земја се треси
закрилена во сончев зрак.
Илинден е,
наш најсветол знак.

Денес,
со светнато чело
чекориме гордо и смело
по ѕвездени патеки
Илиндену, ти ги створи
трепка денот од шепот
во срцата пламен гори
Илиндену наш светлоносец
низ куршуми светнат сјае
за твоите витлени чуда
секој човек знае.

Денес,
чекор по чекор
стапка по стапка
со илинденскиот од
чекори гордо
македонскиот род
по ливади зелени
по меѓи разделени
по разгласени реки
по езера бистри
по полиња чисти
република закована со крв
од овој Илинден прв.

Денес,
вековна желба
во срца се скрила
да нема делби
Македонија мила
да биде цела
на овој празничен ден
народ борбени песни пее
од гроб јунакот да стане
слободно сонце да згрее
над светите, Гоце, Даме, Карев и Јане.

Денес е Илинден,
таму на Мечкин камен
високо се виори
алово знаме,
соколови крилја
блескаат на светлоносниот ден
ко сонце над татковината мила.

Горнан Јовановски
Брамтон, Канада

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top