
Во пехарот,
во земјениот пехар,
налеј ми вода
од изворите
на нашите планини,
налеј ми дождовница
пријателе,
и, не заборавај ја
капката пелин,
капката отров …
Тоа е така
во оваа земја
и како така
да ни било пишано
по нашински
и од памтивека:
братски да се сакаме
и на крајот –
еден друг да отруеме!
Панде Манојлов