
Томе Велков
НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ НИШТО НОВО
на македонскиот полуостров сè е по старо
и понатаму надежта е закована на крст
и понатаму кариери и докторати
на брчките на овој народ
предавници како бесни кучиња
пустошат и лаат
глуви се ѕвездите седнати на трпезата
готови за нов пир
сега веќе ништо не нè сопира
во овој милениум да пресудиме
од предавниците да се ампутираме
зашто и оваа година имаше војна
на македонскиот полуостров
ни остана само осакатената љубов
со јанѕа за тромеѓата да жалиме
со ѓаволот не можеме во рајот
колку нови премрежиња премреживме
и сè така срамот си го носиме.