Песни за Македонија

Најстарата запишана Македонска љубовна поезија

Najstarata napisana Makedonska pesna

Najstarata napisana Makedonska pesnaНајстарата запишана Македонска љубовна поезија потекнува од Костурско Беломорска Македонија, напишана на Костурски дијалект, напишана е во 16тиот век во речник кој е составен во Костурско, а денес се чува во Ватиканската библиотека.

“Тако ти бога девојко”

Тако ти Бога, девојко,
как те зовет на име?
О, Душко, ле, жиф ти очи,
ходи овамо зарви ме,
Твојто ти целивање,
ти се молам дарви ме,

Што си лепа, што си, ле, бела,
Што си бела, што те љубам девојко!

Ела мое паригорие,
да те целивам во устата,
Како овоштие ме мирисет,
Штото роди крушата,
Тако ти вишнего Бога,
Не ми везми душата.

Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!

До кога серденце моја,
Скривом да се љубиме,
Со страхови преголеми,
Денови да се губиме,
Ела, станви, поврага, ходи,
Да се вземиме.

Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!

Во ракописниот оддел на Апостолската библиотека во Ватикан се пази кодекс со 152 од Archivio San Pietro, со препис на Грчки јазик на л. 222, во кој Силвестер, велик протосингел во Ерусалим, објаснува дека го подарува речникот на црквата “Свети Петар” во Рим, во 1620та година.

Некои од останите запишани фрази во речникот:

(3) да си здрав,

(4) да си прост,

(5) Ела да јаме

(6) и да пијеме,

(7) дот да појдиме

(8) да работиме,

(9) имате хл’аб да купиме,

(10) имате вино да купиме,

(11) остави ни да спијме,

(12) од која страна да појдиме во Богаско,

(13) тахте да фтасаме дур вечер,

(14) да се прост да спиме туа,

(311) што е зучил, (312) што се зучиле.

Изразите 311 и 312 значат “Што изучил, што изучиле” и покажуваат интерес за образование.

Песната “Тако ти бога девојко” е напишана на Старо Македонски јазик, со Грчки букви, без превод на Грчки јазик:

…Τάκο τι μπόγα ντεβόῑκο,
κἂκ τε ζόβετ νά ῑμε…

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top