Кирил Кангов
Тој пристигна на плоштадот “Македонија”
На Букефал качен, со приудружба
И растоварен багаж од вековен несон
Дојден да го расплета македонскиот јазол
Оти една епоха замина
А настапува нова
И првите мигови се погледи на препознавање
Идентификација на она што го гледаме
Со битието во нас
Предок по потекло, вонвременска величина
Крал на Македонија и стратег и владетел
Император, хегемон и освојувач на Светот
Обединувач на народите.
Благопожелниот добредојден новожител
Илјадници народни погледи го милуваат
И тоа е миг на радост, гордост и слава.
И одрдено му е местото
Во центарот на престолнината
Да се простира на 23 метри височина
По метар за секој изминат век отсутен од нас.
И додека триумфално галопираше,
Додека се креваше и залет земаше
Во пламена светлина блескаше
И кога со Букефал ја дофати висината
Беше свечен час на вознесение
Место фанфари, долго ракоплескање следеше
Соблазнителни честитки, овации и поздрави.
И се исправи Тој со Букефал спроти Сонцето
Оти нему хелиоцентричен, му прилегаше
Во неговата свезда да гледа
А ние се издигнуваме на хоризонтот
И по него не преознава Светот.