Песни за Македонија

Оливера Јовановска: ТИШИНАТА ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА

912039

912039 

Оливера Јовановска: ТИШИНАТА ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА             

Кој тврди дека тишината не зборува,

Тој греши!

Кој вели дека тишината не зборува

И тој греши! 

Кој мисли дека тишината не зборува

И тој повторно греши!

Занесена сама во мислите

Ја слушнав тишината како зборува,

Ме повикува со неа да другарувам

Ме повикува со неа тајни да споделувам.

Слушнав со свои уши како таа зборува

За Библиска Македонија раскажува,

За Александрова татковина

За Самоилова – Охридска тврдина.

Древна земја Македонска

Со векови на тиранин трн во око била,

Но непокорлива сила од чедата нејзини извира

И сите лаги на душмани ги минира.

Пламенот од срцето го зборува јазикот

Македонија непокорлива е, така кажува гласникот,

Неприфаќаме промена на историјата

Замрзнато е тоа прашање, исто како Арктикот.

Од Александрова империја до сега

Дел од земјава малку по малку, крос векови ни бега,

Нека делат, нека парчат,

И во книги историја менуваат, сами се сопнуваат.

Светото за нас слушна

Бог на Македонија рака стави,

Гордо нашинци кренете глави

Македонски народ сега слави.

ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Песни за Македонија

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

To top