Песни за Македонија

МАКЕДОНИЈА, БЛАГОСЛОВЕНА ЗЕМЈА НА СОНЦЕТО

1Karolina

1Karolina Каролина Ристевска-Канада

МАКЕДОНИЈА, БЛАГОСЛОВЕНА ЗЕМЈА НА СОНЦЕТО

Автор на рециталот: Каролина Ристеска

Животот да царува неможе без Сонцето,

А Бог ни го дари токму него на знамето!

Лавот се роди во Македонија

За да ја освои Персиската Империја!

Стигнаа славните Македонци

 се до Кина и Индија!

На чело со царот Македонец,

Александар Трети Велики.

Македонија стана земја од ветените,

Освоените и заробените, уништените,

Разделените и раселените ,

распарчена на три страни

помеѓу соседите!

Народот на Сонцето го просветли Крстот,

Апостол Павле прв стапна во Македонија.

Браќата Кирил и Методија,со учениците

благословени Христијани словото го раширија,

и многу народи се описменија со светата кирилица!

Жива е Македонија оти Бог ја создаде на Земјата

Ја украси со прекрасни планини, езера и шуми,

Историја од векови исклесана на карпи

И песни Орфејски запишани во зборник.

Бог ја благослови Македонија,

Да го носи времето низ неа

Да ги чува Црквите и Библијата

Да тече како река непресушна

Да раскажува со песните

Да раѓа јунаци на расата Гоцева!

Погледнуваш, кон цветот мирисен

Оти си скинат дел од него

Од својта родна грутка одвоен

И си велиш убав е, сеуште мириса

На татковата и мајковата градина

 таму далеку во Егејот, во мојата Македонија.

Македонецот е благословена икона

на која вредноста и е бесценета.

Вистинскиот Македонец

кога за Македонија ќе го прашате

тој ќе ви раскаже

со срце полно љубов  за неа.

Македонија, во срце да ја носите,

да ја сакате, чувате и да ѝ верувате!

Сакајте се браќа и сестри Македонци,

оти само со љубов ќе ја сочуваме

нашата мила Македонија,

благословена земја на Сонцето.

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top