Песни за Македонија

МАКЕДОНИЈА – ОД СЛАВНА ИМПЕРИЈА ДО РАСПАЌЕ

Savo

1Savo

Саво Костадиноски : Лирско писмо до Филип Втори Македонски

МАКЕДОНИЈА – ОД СЛАВНА ИМПЕРИЈА ДО РАСПАЌЕ

Еве ме,

пред македонската историја

која врз мене фрла стравотни сенки

со знаци на невидени немири

и со будни чувства по улави времиња

Еве ме,

со зборот ослободен

дојдов до збор

но иако сум ненужен

со стихови се упатив

по трновитата, но лесно разбирлива

илјадагодишната историја во времето

на Филип Втори Македонски

под сонцето од Кутлеш

кое ги осветлуваше

најдолгите походи на Македонската Империја

па сѐ до денешново време на распаќе

пред разнебитувањето

на македонско национално ткиво

за кое борбено

со непокорна свест војуваме со историјата

напати

очајнички стигнавме со изветреана надеж

а немоќни сме

и со благоста на небесните пораки

не знаеме

ниту на кое поднебје му припаѓаме

штом татковината сама со себе ни се граничи

и како да се дообјасниме себеси

а немаме ниту скаменети зборови

небаре

идентитетот ни е во сенка

на сонцето од Кутлеш

Слободата ни била ропска

клетвите ни биле жива одбрана

тешко било на мрачните години

патот да им се најде

како би се одминале

со подмолниот непријател

Еве ме,

и со зборовите кои разнесувале таги

и ги надживеале вековните времиња

во војните кои со слободољубите

ги пополнувале празнините на смртта

по бескрајните полиња на црните судбини

до споулавена безнадежност

како да ослепела надежда на иднината

распаќе гледа

та и во корен нè демнеле и нè демнат

што подлабоко во земјата на татковината

да ни пресуши дрвото на животот

Благословена библиска земјо

земјо на востанија, неспокој, на раскрсници…

со сегашнинава сме како на испит

непокорот е наш завет, заклетва и повелба

соништата не ни се изморија

ниту побледе надежта на иднината

со години не се живеело на раат

ниту деценија, а камоли едно столетие

сепак

неизвесноста не завладеала со нас

со разумот не сме доодени до неразумното

храброста не ни била со потсечени нозе

низ вековите зад нас

малодушните попусто раце посегале и посегаат

илјадавековно ни е името

никој не може да ни го земе

пиреј народ сме

недостижен во коренот, корен сме

во зборот збор сме, кирилски

во молитвата, молитва сме, на Свети Павле

со вистината на нашата земја

секое зло сме го надживеале, па и ова

затоа разделба нема од тебе Македонијо

па и колку да сме длабоко

во подножјето на нашата славна империја.

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top