САВО КОСТАДИНОВСКИ
МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТЦИ
Кирил и Методиј Солунски,
тие први славни учители,
и Светите Климент и Наум Охридски,
познати се како свети просветители.
Историјата вечно ќе ги памети
и незаборавните Свети Пустиножители,
Свети Гаврил Лесновски и Свети Јоаким Осоговски,
и борбениот дух на Свети Прохор Пчински.
И за многу други светци знаеме,
како Свети Јован Кукузел и Свети Мегленски.
И многу други, кои го огласувале
светиот дух наш, македонски.
Во одбраната на христијанската вера,
биле пожртвувани светите маченици
Нектариј Битолски и Георгиј Кратовски,
докажувајќи се како големи верници.
И житијата на великомачениците,
на Света Злата Мегленска и Спасо Радовишки,
остануваат засекогаш запишани
со натприродни чуда – чудовишки.