Македонка Чадиноска
Од небо не сме паднати
од земја не сме никнати
и ние сме од мајка родени
од мајка Македонка задоени
со македонски приспивни лулеани
на земја македонска проодени
во песни македонски опеани
под небо македонско пораснати
со родната грутка сраснати.