Песни за Македонија

КРСТЕ МИСИРКОВ ШЕТА НИЗ ГЕВГЕЛИСКИТЕ УЛИЦИ И ВРШИ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО

1kirilk1

1krs1

КИРИЛ  КАНГОВ 

Во ореолот   на раздорот

Апокалиптична ажда не дави

Поснопица дијаболична  не прогонува

Додека   надвор векот се  сменува

Јас  сум  зафатен со разрешувањето

И со таинствени средства   се довлекувам

Во кожурната зора  на  Гевгелија

Во географскиот центар  на Целокупна Македонија .

О  јас зафатен со разрешувањето

Довикувам нови епохи низ  мене  да  чекорат

И се мешаат тие глетки  во  привидение

Додека  пијам  кафе  во  хотел  Отоман

Славјанство  мое ,  судба  ти  сурова,

Четири  немајчини   јазици слушам

Се мешаат  тие глетки  во мене

Додека  сонцето копринени зраци  влачи

Прочепкувам  во  моето срце

Тоа  испраќа  итни  пораки

Треба  уште многу нешта да се  сторат,  ми вели

И се растрчувам ,  се сновам  по сокаци

Низ  улици  кај потоци тонат

Зафатен со разрешувањето

Скитам по усвитеното сонце на Гевгелија

Пладнето пука,  јас ве  пребројувам

Сосе куќи,  сосе коњи, сосе  стада

И ви велам вам и  на  сите

Колку сте и толку да сте

И кој да дојде,  тука да сте

Оти се повторуваат  настаните

Од пред  нашето  постоење.

Се вртам ко птица од растурено јато

Со тешки мисли , чувства во пена

И прпелкам околу, извидувам

Треба  уште многу нешта   да соберам

Фотографска  снимка на живеачката

Математички  портрет на  населението

Проспекти  за  модерното  истребување

Звучни   албуми  на тажачката,

Јас  сведок  во бел  свет  пробивам пат

За сведочење  собирам  материјал .

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top