Песни за Македонија

ГРУПЕН ПОРТРЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ КАНИБАЛИ

1kiril1

kiril1

КИРИЛ   КАНГОВ

ГРУПЕН  ПОРТРЕТ  НА  ЕВРОПСКИТЕ  КАНИБАЛИ ДЕМОНКРАТИ  ПАЛИРИ  И  ЏЕЛАТИ   ОД ПОЧЕТОКОТ  НА   ДВАЕСЕТТИОТ   ВЕК

Нема  кочници  ни граници

До каде може да стигне

Отпетланиот нишан  на злото

Кога ја  очекува  најстрвната 

Наслада во орлово гнездо

Во свечен  салон на високо  ниво

Во замокот на Дракула

На масата  картата на Балканот

И  книга на  европскиот  катастар.

Претставници на височества

Канибали, демонкрати, палири и  џелати

Шармери, измамници и профитери

Со глетки во сплетки и сметки

Горделиво, ладнокрвно расположени

Обложени на дебела добивка

Со незгаслив  и ненаситен нагон

И испружени канџи на штрек

Кон телото на мојата татковина.

Фатени во портрет на вистината

Кубат-кинат, дробат-ситнат

Многу фаци, многу раце

Од чија страна ветер дува

Тој  надмашува, друг промашува

Колат-солат, месат-бесат 

И се така пата-ќута, пата-ќута

Шарка врз шарка,модра одрана

До мала душа смалена

Капната и  распната

Мојата  украдена  татковина.

Векот гледа во врвот  на ножот

Се одгласува ехо од митски хорови

Со плотуни престолнините ја слават

Успешно извршената мисија

Триумфира силата на злото

 Магнум цримен геноцидум

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top