Песни за Македонија

ПОРАКА: До Андреас Георгиос Папандреу и неговите наследници Децата

Marija Vodenska

Marija Vodenska copy copy copy copy

Марија Воденска

Од илјада деветстотини четириесет и осмата

      Сеедно од кој извор бликнат

      Вруточен, дотечен, распукнат

      Разнесен, расчеречен

      Расточен низ омеѓени ливади

      И расплоден по светот.

      Тебе, кириос Папа, Те потсетуваат:

       За градината размеѓена

       За лебецот раскршен, раздробен,

       Раскостен, разнижан,   

       За гробови расфрлени по недооднини

       Недофатни, недогледни ледини

       Наши небиднини, бигорни изгревнини.

       Тебе и тие пред Тебе со зад-мисла

       Да се уништи р’кулецот од памтивек осведочен

       Низ вековното траење на историјата

       Со црвен катран зачепувана,

       Тебе, кириос Папа, Те потсетуваат:

        Овој НАРОД,  знае за себе

        И својата судбина опточена со венец.

        На овој народ жилата му е прастара, недофатна

        Недопирлива за валкање и уништување.

        Овој народ-кириос Папа е жилав

        И против јавното одрекување

        И непризнавање на Македонците

        Во мајската ноќ протестираа илјадници деца,

        Чии татковци меѓу првите

        Му дадоа отпор на Мусолини

        И се жртвуваа за националните права и слободи

        Од  ’четириесет и првата до крајот

        На Граѓанската војна во Грција.

       Децата во збегот од ’Четириесет и осмата,

       Родени во Егејска Македонија

       Што остана заробена под Грција,

       Сега и самите татковци и мајки по светот,

       Те потсетуваат:

       За Општата Декларација за правата на човекот,

       За Завршниот Документ во Хелсинки,

       Чиј потписник е и  Република Грција.

       Овој народ од Александар до Гоце и потоа,

       Те прашува:

       Зар повредите на тие Документи

       Не наидуваат на Осуда

       Пред судот на твојата лична совест?

       Со Дабов лист и Крстот за Вера,

       Македонка ти порачува:

        Родена на денот кога загина

        Марко Цакончето од Воденско,

        Со куќа преку плотот и жуборот на Белица,

        Се бореше на Албанскиот фронт

        За правата на Елада,

        А беше МАКЕДОНЕЦ.

        Раните го печеа за правата на својот народ

        За родната земја, прадедова од памтивек.

        Со рана незацелена,

        Остави млада вдовица,

        Со машко дете во пелени

        Мајка забрадена во црнина.

        Порастен во селото и уште е таму.

        Низ нивјето далдисан семето го одгледува

        И чекори над Земјата македонска

        Преполовен за самобитноста

        И за копнежот преселен преку граница

        Со забрана за враќање назад.

         Македонката таксана за машкото дете

         Со години чека, децении поминати,

         И уште чека да слета свената пред зајдисонце

         Со птицата што не замира во неа.

          Низ изладеното огниште, со запретан жар

          Од пеплосани искри, ветрот го довикува

          А тој се задушил зад планинските превои

          Границата чека да се отвори

          За разлиена река без речно корито

          За разминување на сенки од живи мртовци

          Со жар во очите и распалена мисла

          Што разгорува оган и во празнина.

          Македонката зрачи од полите на Егејот

          Будно стражари со духот на лозата

          По дедо и пра-прадедо

          Често притисната од ноќните мори,

          Будно сонува.

          Во сонот и’ доаѓа да викне,

          Да викне, дури да крикне, како ранета срна

          Што остана сопната ждребица

          За непремин преку граница.

          Македонката од Егејот, кириос Папа,

          Ти порачува:

          Не џбарај по дамарите раскостени

          На исконската Климентова убавица   

          МАКЕДОНИЈА.

         Битола, Трновска средба

         27 јули 1986 година   

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top