|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ: НА БАДНИК ВО ПОРЕЧЕ |
Кога доаѓав на Божик, во Македонија во Порече чувствував посебна сила како да ме носи, празнично во мене ме топлеше мисла света „каде и да си, за Бадник дома да си“. На шести јануари, Коледе или Бадник пред раѓањето на Христос спасителот, радост за христијаните на денот голем за бериќет и здравје молба до семоќниот.
Секој дом е црква и божји храм во секој дом се палат свеќи, темјан и кандило, за најрадосните денови на првославието радо се спомнува како е, и како некогаш било.
Се меси кравајче, пита или погача божиќната погача на централно е место, свечено да заличи целата трпеза и посно гравче ко секоја година исто.
Откако домаќинот ќе се прекрсти погачата се смета за благословена, потоа на семејството таа се дели со посебни чувства и апетит е примена.
А тој што ќе ја добие паричката годината ќе му биде весела и бериќетна, со здравје успех и благосостојба и со голема желба да му биде среќна.
Свечено на Божик гордо се поздравуваме „Христос се роди, навистина се роди“, и со мислата кога тој бил крстен во реката на Јордан во светите води. Божик е празник со блажена радост ден кога не се оди на гости, истовремено на овој свети ден завршуваат божиќните пости. |