|
||||
ТЕШКОТО (На 62 жртви изгорени во Кочани) |
Марија Воденска Наниз стихови се редат, , ко да е денес, молкум и редум во поворка црна кроце се движат, капнати солзи ничкосани глави. Сал молкот се слуша во стушени гради, Огнови во немоќ на рамена тежат насолзени души патот го врват.
За младенци во огнот тагата тежи в’ гробој мразни денес ќе легнат душите страдни за белина мрачна. О ТЕШКОТО, ТЕШКОТО Е ДЕНЕС Македонија црна во мрак се дави Колоната тажна чемер ја зави ко' тогаш и сега во пламен и чад Со викот во очај младенци во мрак Згаснаа млади во огнови бесни избезумен страв, а нигде спас.
О, ТЕШКОТО, ТЕШКОТО... Денес ко' во стихови дамна оловна тага над плеќи падна се влече колоната жална кон неврат, изгубена надеж нарамена болка насолзена бездна О, ТЕШКОТО, ТЕШКОТО, МАКЕДОНИЈО!…
КОЧАНИ, 16 МАРТ, НЕДЕЛА 2025 г. |