Песни за Македонија

ДА СЕ ЖИВЕЕ ПОКРАЈ ВАРДАР

1kiril1

6з.kiril

Кирил Кангов

Да се прогонува издржувачката на животот

Од утро до вечер со поттик со умилкување

Со силна надеж што носи трпение и верба

Да се расплетуваат конците  на грижите

И никогаш крајот да не им се гледа на земјата .

Да се копа , сади, жнее и живее покрај Вардар,

Да се носи вода на гробовите на покојните

И да се заспие доцна со пејзажот на нивите. 

На изгрев светлината пушта корен во водата

На залез собира  виножита,жетви и вина

По патишта,стрништа и  ридишта   да се стаса,

Стадо в трло,  добиток в штали да вјаса,

Риба во вир да врие, под густи врбини коси

Да се сети благодет  од умор после работа

Да се слушаат песни и тапани од свадби

Свирежи  и извици од прослави  по панаѓури,

Испружен на брегот во песокта  да сонуваш 

Дека и  реката  празнува а од  водата излегуваат

Нејзините ќерки  Јана и Јована со бели платна

И побелуваат и  бранови и сенки и брегови.

По луњи и  молњи да се трча

Низ патишта подземни и  надземни

Од Вруток до Уток  воден и мокар утоп

Да се проверува секој јаз ,секој брзак и бразда

Да не скапи , да не пливне поплава,потоп в нива.

Илјадници години да се слегува по Вардар

Со љубопитност како низ средиште  на вселена

Со најгусто населени знаци од цивилизации

Да се откопуваат камени споменици од предците

Записи и аманети  скаменети во времиња и тишини

И да се чувствува својата поврзаност  со универзумот.

Да се стражари врз печатот на идентитетот

Врежан во коренот ,во каменот темелник

Во родните градини со врежови плотови

Во  ѕидовите по црквите и  манастирите

Во даден час да бијат камбание за тревога

Кога подмолно ти се одзема  она што останало

Да му се влее страв на ѕверот фатен во стапица.

Низ водата течна  да ти се појавуваат ликовите

На револуционрите ,војводите,гемиџиите

И да ти се случува дека

Вардар е аорта низ која тече твојот крвоток .

Така се челичи  карактерот и одговорноста

За да и се биде рамен на гордоста

Со поглед извишен кон небесата

Кај што вардарскиот сокол врти и стражари

Да се чувствуваш господар на просторот

На земјата родилка во наследство стекната

И во длабочините на душата своја

Да се сонува иднината.

Тука во рамноденица,  пред сјајот на светлината                          

Да се биде рамен  син на Синот на Сонцето                          

Силно светната ѕвезда во срце да се има                            

И да се зборува едноставно и уверливо                          

Од ова земја е моето лице                             

И  тело и дух и дело.

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top