Среда, 06 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Земјо моја
_-1Кој те орал земјо моја
та по ниви твои што
семе посеал та се родиле
клетва и омраза?

Кој длабоко копнал
во утробата твоја
та насадил зло
та толку е тажно
да си на ова тло
допрени до самото дно?

А тешко е таму да се оди
лизгаво е и многу кал,
зар ке ги предадеш твоите
чеда зар не ке ти е жал?
.
Зар има уште нешто да се земе,
зар потешко има од ова бреме,
што ни донесе ова време,
во својата земја тугинец
безимен да си ти
а со корени вековни
од искона пуштени.

Зар уште примамливи
плод овде виреат,
та толку лакомо
Кон тебе свртеле очи.
не ти даваат почин?

А ти ко топола висока
стоиш исправена
дувана од ветрот
греана од сонцето,
истоштена но ,
глас не пушташ.
го шириш своето стебло,
единствена и горда
мајко наша добра.

Таква си земјо моја.
секогаш цврста
неповторливо своја.

Се грчиш и трпиш
Под налетот на секој
Таква си, но постоиш со векој
Молчиш не кажуваш збор
а твоите чеда
немо кон тебе гледат
зошто ги снајде беда.

Прибери ги мајко
раскажи и песни
молитви небесни
да се љубат ,сакаат
кај тебе да свраќаат .

Искачи ги над
планини високи
и врвови стрмни
влеј и надеж
дај и сила
Та некогаш силна
си била, о.земјо наша
мајко мила!

На парчето земјо
од тебе што остана,
ќе пуштиме корени
од битки веќе
сме изморени.
На твоето огниште
Згреј не ,мајко земјо ,
света убавино,
Без тебе сме никојс
со тебе сме се
наша татковино!
 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.