Што ти згрешив братче мое
Да се лутиш ти си младо
Јас те прашав да гo вратиш
Од нивата нашето стадо.
Слуша братче и си молчи
Ништо не и збори,
Таа,чоклетце му подаде
Фала сестро и прозбори.
Опрости ми сестриче мое
Толку време што се лутев
Мислев нешто да не згрешам
И за тоа јас си ќутев.
На еден начин или на друг
Младите, братче, грешат
Само на убав начин
Проблемот да го решат.
(Гроздан Јовановски, Њукастел)