Тема: Македонски легенди

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Владимир Полежина – од доктор на Сорбона и творец на актите на АСНОМ до заточеник на Голи Оток

Владимир Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево, а починал на 16 јуни 1980 година во Скопје. Владимир Полежина ибл истакнат македонски интелектуалец, учесник во Народноослободителната борба, делегат на Првото заседание на АСНОМ и еден од творците на неговите државотворни акти. Во 1932 година се запишал на Универзитетот Сорбона во Париз, каде […]

Питу Гули – легендарниот војвода и херој од Мечкин Камен

Питу Гули е роден во 1865 година во Крушево, а загинал на 12 август 1903 година на Мечкин Камен. Тој бил македонски револуционер, член и војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација и еден од најистакнатите учесници во Илинденското востание. Со својата храброст и подготвеност да се жртвува за слободата на Македонија станал легендарен јунак, опеан […]

Стојан Христов

„Ние сме посвоени синови и ќерки на Америка и на другите држави во светот, но Македонија е родена наша мајка и ние не можеме да ја заборавиме“ – велеше Стојан Христов, македонскиот печалбар од Кономлади, Костурско Егејска Македонија кој стана американски писател, новинар и сенатор. Стојан Христов (1898 – 1996) – македонскиот печалбар што стана […]

Ѓорче Петров

Ѓорче Петров – умот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилепско. Животот го завршил трагично на 28 јуни 1921 година во Софија, каде бил убиен во атентат. Ѓорче Петров беше еден од најголемите македонски револуционери, идеолози и организатори на македонското ослободително движење — човек кој со […]

To top