Македонски легенди

Владимир Полежина – од доктор на Сорбона и творец на актите на АСНОМ до заточеник на Голи Оток

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Владимир Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево, а починал на 16 јуни 1980 година во Скопје.

Владимир Полежина ибл истакнат македонски интелектуалец, учесник во Народноослободителната борба, делегат на Првото заседание на АСНОМ и еден од творците на неговите државотворни акти.

Во 1932 година се запишал на Универзитетот Сорбона во Париз, каде што дипломирал, а во 1939 година, на само 26-годишна возраст, докторирал со тезата „Фондови за изедначување на девизните курсеви“.

За време на студиите активно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал секретар на студентското друштво во Париз. По враќањето во Македонија, како член на Месниот комитет на КПЈ во Кичево, во 1941 година се вклучил во подготовките за Народноослободителната борба.

За време на втората светска војна во мај 1943 година бил уапсен и испратен во логорот Порто Романо во Албанија. По капитулацијата на Италија се вратил во Македонија и во септември 1943 година се приклучил кон Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија.

Во Главниот штаб на НОВ и ПОМ бил задолжен за изградбата на народната власт. Како делегат учествувал на Првото заседание на АСНОМ и бил избран за втор секретар на Президиумот.

За неговиот придонес Киро Глигоров запишал: „Сите работевме, но, се разбира, Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ.“

Иако неговото знаење ѝ било потребно на Македонија, на 3 ноември 1944 година бил испратен на работа во Националниот комитет за ослободување на Југославија, бидејќи на федералната влада ѝ биле потребни образовани и стручни кадри.

Во 1945 година бил вклучен во Воената мисија на Демократска Федеративна Југославија во Франција, а од декември истата година работел во југословенската воена мисија во Германија. Бил шеф на мисијата при Контролниот совет за Германија и при Главниот штаб на англо-американските сили во Франкфурт на Мајна. Во југословенската војска бил унапреден во чин потполковник.

Во 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на советската воена мисија, по што започнала неговата голгота. Бил вратен од Германија, демобилизиран и ставен во немилост.

Во јануари 1951 година, без судски процес, бил лишен од слобода и испратен на Голи Оток, каде што останал до април 1954 година.

По излегувањето од логорот работел во Народната банка во Белград. Во 1965 година се вратил во Скопје и до крајот на својот работен век работел во Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Животниот пат на Владимир Полежина останува сведоштво за една трагична македонска судбина – од доктор на Сорбона, борец и градител на македонската државност до политички прогонуван заточеник на Голи Оток.

Вечна му слава!

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top