Коментари

Време да се каже доста е!

svekrva3

svekrva3
Свекрва

Дали вреди да се продолжат преговорите со некогашната отоманска и римска провинција, византиска тема и  македонска колонија, која денес го носи името Грција?

Грција нема намера да го реши спорот за името со Македонија. Таа со своите непристојни понуди си тера мајтап не само со Македонците, туку со ОН, ЕУ и НАТО. До кога македонскиот народ ќе ги трпи секојдневните понижувања кои им ги приредува јужниот сосед?

Изминаа 20 години во јалови преговори со Грците за спорот околу името. Дваесет години се преговара со јужниот сосед за спор кој тој го наметна и за кој од досегашното искуство е видливо дека не сака решение. Едноставно, тоа што во овие две децении е видливо е тоа дека јужниот сосед сака македонскиот народ и неговата држава да исчезне од картата на светот. Грција глуми преговарање се додека преку специјалната војна која ја води врз Македонија не доведе до уништување на македонскиот народ и неговата држава..

Додека Македонците повеќе од 20 години му ја покажуваат на светот својата мирољубивост, коперативност и конструктивност со прифаќањето на неприродната и навредувачка референца за името, потоа со откажување од знамето и промените во Уставот, дотогаш Грција која глуми преговори за името, се мајтапи не само со Македонија, туку и со Европа, ОН и НАТО и слатко му се потсмева додека им ги зема парите на европските даночници.

Дека Грција нема намера да го реши спорот за името и дека се потсмева со македонскиот народ покажува и изјавата на грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој за време на средбата во Тирана со албанскиот претседател Бујар Нишани, како што пренесува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, ја поддржал иницијативата „Славо албанска Македонија“.

Овој навредлив предлог на грчкиот претседател, претставува опасна провокација, која има за цел да ги влоши македонско-албанските односи и да поттикне формирање на Голема Албанија. Но, Грција како да заборава на проблемот со Чамите во Грција и дека секоја промена на граници не се одвива безболно. Огнот кога ќе се потпали лесно ја минува границата и тогаш покрај сувото гори и суровото.

Искуството говори дека е подобро да се преговара една или повеќе години, отколку да се војува и само еден ден. Меѓутоа, изгледа дека Грција се наоѓа во очајна состојба кога се обидува да потпалува искри наоколу. Постапките на грчките политичари, во многу нешта наликуваат на постапките на Милошевиќ на почетокот на деведесетите години на минатиот век. Тогаш српската политика ги вовлече поголемиот дел од поранешните југословенски републики во крваво раздружување.

Американскиот професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и поранешен дипломатски пратеник на Балканот, Даниел Сервер, има сериозни забелешки за грчката политика на Балканот. Според него, политиката на грчкиот премиер Андонис Самарас кој намерно го блокира решавањето на спорот за името и евроатланските интеграции на Македонија, наликува на политиката на Слободан Милошевиќ. На сите им е познато каде ја одведе Србија таквата политика која беше поткрепена и од СПЦ и САНУ.

Грција не е еднонационална држава иако најголемиот дел од „малцинствата“ меѓу кое е и македонското не ги признава. Освен Грци, Атина не треба да заборави дека во неа живеат: Албанци, Македонци, Власи, Роми, Помаци, Турци, Евреи… Затоа обидите за дестабилизација со поттикнување на албанскиот национализам претставуваат закана не само за северниот сосед, туку е закана и за стабилноста на целиот регион и пошироко. За Сервер, игрите со „балканскиот национализам се опасна правокација за Македонците и Албанците и затоа препорачува САД и ЕУ остро да реагираат против него“.

Сепак ваквите правокации можаат да влијаат и позитивно врз одлуките на меѓународната заедница. Така од една страна соочени со нерзаумната политика на грчката влада, ЕУ и НАТО можат да ја забрзаат евроатлантската интеграција на Македонија, а од друга страна да се уништат илузиите на албанските националисти за голема Албанија. Исто така, меѓународната заедница соочена со ваквата грчка политика лесно може да увиди дека залудно се троши времето за преговори за името, дека никој не може да очекува од македонскиот народ после толку векови опстојување и зачувување на името и идентитет сега туку така да се откаже  од самиот себе, како и тоа дека конечно дојде време да се каже доста е и да се прекинат преговорите.

Во тој контекст и поранешниот медијатор за името Робин О`Нил во интервју за „Гласот на Народот“ истакнува дека: „Време е Владата на Македонија да му каже на светот дека по 20 години процесот на медијација доживеа целосен неуспех и да се обрати до ОН со барање за прием под уставното име“.

Ваквата одлука донесена едногласно од страна на македонскиот народ и поддржана од македонските Албанци и другите заедници во Македонија гарантира целосен успех. Меѓутоа, секое верување во нереални ветувања дека можат да го искористат моментот за свои лични или пак придобивки на некои заедници со уништувањето на македонскиот народ претставува вовед во заедничка несреќа која ќе го врати народот во земјата со децении наназад во времето.

Затоа, наместо да се предлага забрана за употребата на симболот Сонцето од Кутлеш, време е повторно да се развиори на македонското знаме.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top