Песни за Македонија

Темен се облак зададе

Македонска Нација

Темен се облак зададе
на врв Пелистер планнна,
под облак орле леташе,
црвено знаме носеше,
крвави солзи ронеше.

Орлето грачи – говори:
-Станвајте, браќа, не спите,
од сон се разбудувајте!

Турчин реформи не дава,
купува пушки мамѕери
сос долги бојни ножови!

Станвајте, браќа, не спите,
сос него да се биеме
за славна Македонија!

На врв Пелистер планина,
над четничката рамнина,
кај Пупучево кладенче,
там седеа три војводи,
три војводи за слобода:
први војвода ми беше
тој Даме Груев војвода,
втори војвода ми беше
војвода Лексо Турунџов,
трети војвода ми беше
војвода Ѓурчин Слансчанец.

Војвода Гурчин Слансчанец
в paцe ми држи дуљбија.

Рипна Алексо на нозе
и зеде да ми зборува:
-Слушајте, браќа, војводи,
шчо збор зборува орлето,
солзи крвави ми рони,
в уста ми носи знамето,
орлето грачи – говори,
четите да и збериме,
гope Пелистер планина.

Рипна Слансчанец на нозе,
в paцe ми држи дуљбија,
се тој ми гледа низ поле.
Едно ми време догледа,
догледа силна потера;
сите сос бели атови,
сите сос пушки мамѕери
и с тие долги ножови.

Рипна ми Груев на нозе,
в раце ми зеде манлихер,
двајсипет пати испука,
дур да се зберат четите.

Довтаса ми четите
начело с Ѓорѓи Сугарев
сос триста души кумити
горе в Пелистер планина.

Пристигна турска потера
гope Пелистер планина.

Таму се тие удрија,
ситички и загубија,
ни еден жив не се врати.

Даме ми распна знамето,
под знаме собра четници,
голем подарок им даде,
зашчо се братски бореа,
ни еден не се издаде.

Најново од: Песни за Македонија

Александар Македонски на поаѓање во поход

Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина.Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите ни месеците ни годините пред куќата во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш веќе нема да се качи невеста на […]

Родна Земја Македонија

Како од ковчеже со златни резби Излегуваат зборови милни Зборови како бисери Зборови баш македонски. Е за тој збор Македонец казна плаќаше Рицинус пиеше Беше прогонуван Иселуван од огниште родно. Има ли нешто полошо од тоа? Да те истераат, да ти забранат име, јазик Да те обезличат. Заарем ние не сме луѓе зарем не треба […]

„Македонцим ув прилог“ – Ѓорѓија Пулевски

Една од песните во стихозбирката Македонска песнарка е песната Македонцим ув прилог. Во оваа песна Ѓорѓија Пулевски повторно се повикува и ги потсетува Македонците на нивното славно минато и историја со нивните кралеви Филип Македонски и Александар Македонски. Понатаму тој реагира против решенијата од Берлинскиот конгрес со кои Македонија била оставена под турското ропство, за на […]

Химните на Македонија

Автори на химната на Република Македонија се Владо Малевски – текст (1941) и Тодор Скаловски – музика (1943). Долу можете да го погледнете првичниот текст на химната (којшто се разликува од денешната официјана химна на Република Македонија) напишан во 1941 година, а првпат изведен во 1942 година. Во заграда е стихот по којшто првично напишаната […]

Мисирков во песната „Патник“

Крсте Петков Мисирков ( Постол, Ениџевардарско, Егејска Македонија 6/18. XI.1874 – Sofija, 26. VII 1926) – е прв национален филолог, историчар етнограф, фолклорист и публицист, револуционер и национален деец. Тој е најкомплетниот и најкомплесниот македонски славист, кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис, автор на првата книга („За Македонцките работи“, 1903) и на првото […]

Светов се настрвил на Македонија

Соња Гаврилова Светов се настрвил на Македонија едно мало парче земја, ама за некои соседи па и други држави и државички, примамливо парче за делба. А ние, македонците вековно славни и паметни под кожа сме им влезени нема држава која не сме ја освоиле секаде не има, и за сега, и за кога ќе не […]

Биљане – Саво Костадиновски

Биљане твоето име од детство како аманет во мене го носам врежано во мојава свест но никако да те најдам наспроти мојата желба по цело село во Горно Ботуше освен да го слушнам твоето величествено име во секој дом небаре со топлина на огниште насекаде зрачиш со твојата слава која ги топли срцата на ботушаните […]

To top