Фељтон

Македонската царска медицина и Хипократ (2 дел)

instrumenti-od-drevnata-medicina

Ангелина Маркус

Во збирката на дела од медицината кај Хипократ ги има 50 книги, во кои има белешки од пракса, истории на болести, нацрти на теми и друг пишуван медицински материјал. Некои се изгубени или уништени за да се сокрие неговото значење. Изгоре асклепијада со болничка документација и медицинска библиотека од Хипократ во Кос како Александриската библиотека. Потоа долго се оспоруваат медицинските книги, нивната автентичност, како и постоењето на личноста на Хипократ. Тоа воопшто не му наштети, содржината на неговите книги го потврдија вистинитото. Ништо не смее да се прима изолирано, поединечно, разнебитено, туку во една целина поврзна со условите, времето, луѓето, целта.

Некои од поважните дела се сметаат списот за „света болест”– падавица, што настанува со промени во мозокот од некои лачења пренесени во крвта. Го реметат крвотокот и дишењето или нарушена рамнотежа на водата и воздухот во телото.

Во една друга книга, или како што тогаш се викале списи „За воздухот, водата и земјата”, Хипократ развил теза за значење на воздухот за здравјето на луѓето. Воздухот за човекот е од витално значење, како водата за рибите. Со воздухот човечкото тело е поврзано преку дишењето и правилно се движи во здрав организам. Влијанието на околината, атмосферските прилики, народните обичаи, битно влијаат врз здравјето. Затоа лекарот мора во прогноза (се мисли на дијагноза) и лечење на болеста да се земат во предвид климатските фактори

и квалитетот на водата и храната, годишните времиња и ветровите. Патувајќи нашиот лекар низ разни простори ги согледал атмосферските и антрополошки фактори што различно делуваат и врз болниот и врз здравиот организам ако не се усклади со космичката средина. Кога доаѓал во непознато место прво прашувал од каде дуваат ветровите. Знаел дека колерата и други заразни болести се шират преку загаден воздух и знаел како да ја спречи болеста. Ги барал причините кога ќе ги видел појавите на болеста. Напишал книга за: Епидемиски болести, Прогностика, Диететика, фрактури и една збирка на афоризми како израз на стегнатото, дефинирано, збиено мислење. Лаконика. Пишувал за лекарите со повисок стил како посветени списи и пишувал за обичниот народ да го разбере и да го примени лечњето. Вовел набљудување на

симптомите за да може со логичка анализа точно да ја одреди болеста и терапијата. Хипократ на островот Тасос вршел набљудување на 42 болни од епидемија. Испитувани се психофизичките конституции на болни од маларијата, ноќното слепило, акутната треска и други болести и во други области низ Македонија и покраината Тесалија. Приказите на епидемиските болести проучувани во клинички услови претставуваат практична примена на знаењата за воздухот и водата во служба на медицината. Во областа на диететика при воспаление на белите дробови и други акутни болести најважно за исходот

и текот на лечењето е правилната прогноза, користење на јачмена супа, рамнотежа на храната и активностите, смирување со лесни чаеви. Хипократ за болка препорачувал џвакање на кора од бреза, наместо аспирин и користење на мувла од грнци чувани на влажни места како пеницилин.

Три расправи за хирургијата се можеби најважните меѓу неговите дела или книги, медицински списи. Во нив Хипократ ги опишал дијагностиката, хируршкиот зафат и видот на скршеници и исчашувања. Неговите хируршки методи во лечење на коските се применувале повеќе од 1000 години. Неговите хируршки инструменти се употребувале уште подолго. Тие се на показ низ музеите од Епидаур до Охрид, во Асклепијадите низ сите градови на Македонија.

Постоела збирка за уредување на хируршка ординација, инструменти, завои, со еден збор, сè од хирурушката техника. Таквите и други описи служеле како прирачници за медицинските школи и практика за да се вежбаат идните лекари, на сличен начин како и денешнтие медицински школи.

instrumenti-od-drevnata-medicina
Инструменти од древната медицина

Афоризмите како списи содржеле 412 поговорки, поделена по области во седум поглавја: диететска терапија, прогностика, влијание на времето и староста, температура, влијание на студ и топлина врз женските болести, хируршки болести и компликации со споредни појави кај болните. Афоризмите на почетокот на книгите служеле како украс – мото, како вињета, како почетните букви во Евангелијата. Можеби биле подзаглавија или курзив на текстот. На пример: „Краток е човечкиот живот”… или како што и денеска велиме „ако има век ќе има лек”. „Поволните моменти брзо поминуваат” – упатува на брза интервенција. „Искуството е превртливо” – знаењето е трајно.

Има списи за хигиената и лечење на малите деца за медицинското знаење и статусот на лекарите. Има анатомски и филозофски списи во кои се расправа за четири телесни сокови, што подоцна ќе се класифицираат со четирите темпераменти кај луѓето. Се зборува за васкуларниот систем. Во многу дела

се расправа за градбата на човечкото тело (анатомија), со посебни осврти од гинекологијата и стерилитетот, утврдување на бременост. Интересно е дека гинеколошката проблематика се третира на сличен начин во Египетските папируси и Вавилонските плочки. Тоа е доказ на медицинската и филозофската комуникација околу Беломорието. Тие земји набрзо биле македонски и се забрзало влијанието преку Александрија.

Во збирката за развој и исхраната на човекот, под влијание на Хераклит, се зборува за пулсот, сосема стручно образложен. Има уште многу стручни медицински дела, посебно од раните млади години кога Хипократ бил под силно влијание на филозофите. Софистите, материјалистите. Затоа на човекот му приоѓа како на целина, неделива од природната околина, уште од предисторијата, со исти пробелми за решавање на здравјето на луѓето.

asklepijadite
Надгледни средства од теракота во Асклепијадите

Кај Хипократ повеќе доаѓаат до израз проучувања на надворешните органи, како коските, мускулите, што можеле да се лечат преку хируршки интервенции, кај ранетите и болните со силно изразени телесни симптоми. Во врска со тоа добро

се опишувани работата на срцето, слезината, црниот дроб, но не и крвните садови, нервите, мозокот. Немало секцирање, прогнозата се составува, како и историјата на болеста со набљудувања во болниците со добра хигиенска организација. Животот го одржува топлина со средиште во срцето. Тоа ја променува храната во телесни сокови. Топлината зависи од доводот на воздухот (кислородот) во крвта преку движење. Центрите за мислење, чувства, желби се во мозокот, а осетите, наредбите за движење се пренесуваат пнеуматски. Кај Хипократ се забележува дислокација на мозочната кортификација, делумно се пренесуваат на срцето, некој од психичките функции, но пред се`, заради природната топлина, на срцето му се приоѓа како на центар на животот.

За срцето и Аристотел има слично сфаќање.

Болестите за Хипократ и неговите лекари, се објаснуваат во склад со неговиот став за нарушена хармонија на телесните сокови, кои во некои временски интервали, за три или седум дена, сами се стабилизираат ако не рецидираат. Силата и вредноста на Хипократската медицина е во клиничката практика.

Болеста се проценува со сите сетила, индивидуално зависи од констатацијата на секој човек. Три фактори: болеста, болниот и лекарот кога ќе се најдат на едно место, болеста ќе се совлада, ако болниот се бори, а лекарот помага да се воспостави рамнотежа на организмот со лекување.

Во долгата набљудувачка практика направени се пописи на болести како пневмонија, плевритис, маларија, тифус, туберкулоза, сепса, скорбут, менингитис, тетанус, парализа, апоплексија, реума, цисти, хистерија и други болести што од

тогаш сèуште се среќаваат во Македонија. За сите тие болести постојат извонредни описи за нивно препознавање. Некои појави и до денеска го носат името на Хипократ: дигити Хипократика, фациес Хипократика, митра Хипократика, Нео – Хипократизам како движење од ХХ век за таа древна севкупна медицинска наука.

За лечење се спомнуваат околу 300 лекови иако нивната примена била значително помала. Физикалната терапија била поизразена. Се користеле бањи, облоги, масажи, сончање, пуштање на крв, слаби наркотици, лесна исхрана со супи, мед, вино, млеко, диета за здравје.

Извонредна била хируршката терапија. Во постоперативното лечење на ампутации, отворање череп, местење зглобови, имболизација и преврски до денеска се сочувани истите методи и техники. Тоа важи и за стоматологијата, за лечењето и вадењето заби.

Кон така богатиот теоретски и практично сочуван медицинскиот материјал, применуван во Асклепијадите пред и по Хипократ, ја зголемува важноста и на етичко подрачје, моралот на лекарите. Школувањето на лекарите, обуката, болните, болниците, болестите и лечењето со лековите во Македонија од секогаш се организирало од државата, од поединци и од народот преку стручна помош и нега на сите народи до каде што се движеле Македонците.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top